На 27-ми декември во Битола се одржа работилница за млади „Со транспарентност против корупцијата“. Имено, оваа работилница се реализираше како завршен настан од младинската иницијатива за инклузивно буџетирање на надоместок за производство на енергија од фосилни горива во рамки на проектот „Youth Activsm Against Corruption: Engagement and Participation“ поддржан од Европската унија преку нејзиниот механизам EU for Civil resilence.
Во рамки на настанот беше презентиран извештајот од спроведеното истражување за распределба и користење на средствата од надоместок за производство на електрична енергија од фосилни горива за општините Битола, Новаци и Могила. Во истото, за прв пат се објавени на едно место информации за распределбата на овие средства за периодот 2019-2023 година, обезбедени со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Младинската иницијатива потекна од Филип Етмишовски, Леонид Ташовски и Мирко Наумовски кои ги спроведоа истражувањето и работилницата за своите врсници.
Говорници на настанот беа новинарката на ТВ Телма, Емилија Мисирлевски која говореше за Транспарентноста како алатка за борба против корупцијата и Петар Гајдов од Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер на темата Што се информации од јавен карактер, како и од кого да ги побарате?