Време беше и за ова спојка: Марјан Георгиевски во југото на Мими
Си го знаеме како Марјан стендап. Марјан Георгиевски навистина направи бум на македонската сцена. Неговите видеа се популарни кај сите генерации, а најновите епизоди можете да ги следите и кај нас, на Razbudise.mk Истовремено соработката си ја имаме и со Мими и неговите емисии, исто така го нaјдоја својот простор на нашиот интернет портал. Овој пат нашите добри пријатели заедно во Mimi yugo.
фото – print screen од видеото – Марјан Георгиевски во југото на Мими
фото – print screen од видеото – Марјан Георгиевски во југото на Мими
И откако Марјан Георгиевски си кажа оти живеел кај дедо му на Хајди (две куќи погоре, се разбира на битолското Водно, добро познато како населба Бајро), од старт се одврзаја краватите, лептир машните и си почна лабав муабет. Кој е Марјан Георгиевски зад завесата, зад камерата. Kој се крие зад мoментно актуелните ликови на Жана, Каја, Раде… Како Марјан ги создава видеата, кој е концептот и колку време трае целиот креативен процес. Колку видеа има снимено, а и кои се останатите негови професионални ангажмани?
Во постојана трка со трендовите, времето, желбите на публиката, би рекле дека ова воопшто не е лесна професија и треба навистина да си имаш брилијантен ум. Од друга страна да си неуморен и константен во она што го имаш зацртано. Мими и Марјан се токму тие Љуѓенца. Упорни и истрајни во нивните одлуки. Пред се, се позитивни и секогаш успеваат да ја пренесат таа нивна енергија низ екраните, на сцената, пред камерите.
Да не должиме многу и доста му е фалејнци. Погледнете го видеото и да… Видете во кој се падна парето!
П. С. Нашиот текст малку го забајвме, ама не го заборајвме. Знајте како е. Јануари најдолго трај. Гости, мазници, празници…