Рециклирање во 3D – Инклузивна уметност за следните генерации – Проект за едукација во основни училишта

На 26. 12. 2023година, Ино Фаб Лаб, студио за прототипирање во Скопје, лоцирано на Технолошко-металуршкиот факултет во главниот град на РСМ,  започна проект за учење на едукација на ученици од основни училишта во Скопје, Тетово и Битола. Станува збор за рециклирање на пластичен отпад и производство 3D печатени производи. Проектот вклучува практични обуки за современите 3D технологии, како што се 3D печатење и скенирање.

основни училишта


Преку проектот „Дигитален пластичен отпад“, учениците ќе се обучат да собираат пластични шишиња и да ги користат за производтво на филамент (материјал што се користи во 3D печатењето за создавање тродимензионални објекти; се топи, се депонира слој по слој за да се изгради крајниот производ).

Првите две предавања веќе се одржани во Штип и Тетово. Пријавувањето е отворено за бесплатно учество на Академијата за жени претприемачки(AWE) во Република Северна Македонија.

Оваа онлајн програма обезбедува знаење и мрежа за студенти од ИТ и СТЕМ областите, како и за жени во областа на агробизнис и производство на храна со цел-поддршка за претприемништво и иновации.

основни училишта

Имено, програмата го става фокусот на обука преку платформата Dream Builder која  е развиена во партнерство пмеѓу Thunderbird-школата за глобален менаџмент на Државниот универзитет во Аризона и амерриканската фондација Freeport-McMoRan. Тука се вклучени теми како пишување бизнис план, финансии и управување со ресурси. По завршувањето, учесничките ќе имаат изработен бизнис план за имплементација.

основни училишта

Во ера на брзи промени, овој проект донесува стабилност и надеж. Соединувајќи ги виртуелното и реалното, проектот создава пластичност и иновација во образованието и технологијата во нашата земја. Истовремено ги анимира следните генерации  да го обликуваат здравиот пат на планетата преку уметност, технолигија и социјална одговорност.