АПОКАЛИПСА? НЕМОЈТЕ СЕГА ВАКВИ ПАНИКИ ПРЕДНОВОГОДИШНО!!! Марк Цукерберг веќе долго време гради бункер
Според изворот и според информациите, се вели дека објавените извештаи говорат за мистериозен проект. Станува збор за проект на Марк Цукерберг со вредност од 100 милиони долари на Хаваите. Потфатот вклучува супер модерен дизајн. Инфраструктура како подземен бункер и 11 куќички на дрвја и уште 30ет спални соби и 30ет бањи. Куќите на дрвја ќе бидат поврзани со висечки мостови. Излезите и влезовите на зградите на комплексот, ќе имаат шифрирани и звучно изолирани врати, а библиотеката ќе има тајни врати. Камери насекаде!
Како што пренесува Wired, врз основа на земјишниот регистар и интервјуа со изведувачи, комплексот наречен Koolau Ranch, веќе е делумно изграден. Истиот е и комплетно менаџиран од визионерскиот ум на Цукерберг на островот Кауаи.
Имотот вклучува десетина згради со два главни замоци поврзани со тунел кој води до подземно засолниште. Ова последното, ќе има простор за живеење и техничка просторија како и „експлозивни“ врати од бетон и челик. Информацијата, според изјавата на неговиот ПР човек за Wired, вели дека Цукерберг потрошил 170 милиони долари за да купи земјиште и за да го изгради својот ранч како семеен дом.
Комплексот ќе биде комплетно самоодржлив. Резервоарот за вода со дијаметар од 16,7 метри и висок 5,5 метри , заедно со системот за пумпање ќе бидат лоцирани на имотот каде што постоечките земјоделско-сточарски операции обезбедуваат извори на храна на 567 хектари.
Прашањето што го мачи светскиот публикум е: „Дали магнатот на социјалните мрежи се подготвува за потенцијални катастрофи?“
Можеби! Идејата за изградба на самоодржлив комплекс, вклучувајќи подземно засолниште, би можело да се поврзе со сценарио на потенцијални катастрофи или кризи кои можат да влијаат на заедницата од било која меридијанска поставеност. Вакви комплекси, често идентификувани како бункери за апокалипса, се градат со можеби единствена цел: да им обезбедат независно преживување на луѓето во случај на различни потенцијални опасности! Има уште едно потпрашање: Кои се тие, избраните?