Вечерва претстава за најмладата публика: „ВОЛШЕБНИТЕ КУЧИЊА И ТАЈНАТА НА КУТИЈАТА“

претстава

Вечерва на сцената на Битолскиот Народен Театар, честа да уживаат во театарско извонредно искуство, во волшебна претстава, ќе ја има најмладата публика. Секако, меѓу нив се и оние кои засекогаш сакаат да останат деца.

Станува збор за претстава со посебна приказна насловена како: „ВОЛШЕБНИТЕ КУЧИЊА И ТАЈНАТА НА КУТИЈАТА“. Зад авторскиот проект и автентичната приказна, се потпишува Билјана Крајчевска и ова е нејзиниот прв текст наменет за детска публика на сцената на нашиот театар. Приказната е работена според мотиви на Ханс Кристијан Андерсен, а во врска со нејзината содржина и порака, еве што е запишано во краткиот синопсис:

„Дете, ова е една приказна како и сите приказни. Има сонување, има волшепства, има вештерка и принцеза и кучиња, и глувче и електричар и што уште не – во тајната кутија. Но, со еден збор, ова е само едно необично патување во светот на другарството.

Ќе се запрашате зошто? Затоа што секогаш кога неволјите ти изгледаат дека нема да престанат или кога имаш некоја важна мистериозно – тешка задача за која ти требаат моќи на супер херој – другарството е она што ќе ти помогне и ќе те одведе „право дома“.

Дури и онаму, изгубени во некој „чуден свет и измислен свет“, кога ќе сретнеш нови пријатели, со нов изглед и нови лица, на крајот сфаќаш дека тоа се оние истите твои другари од реалноста, но тука ги обликуваш со помош на имагинацијата и најважно со силата на љубовта -скриената тајна во волшебната кутија.“

(Посветена на Лина и Ангел)

Режија: Јован Ристовски

Драматург: Билјана Крајчевска

Сценограф: Валентин Светозарев

Костимограф: Благој Мицевски

Музика: Александар Димовски

Светло – мајстор: Горан Петровски

Тон – мајстор: Николче Терзиевски

Видео проекции: Владимир Переловски

ИГРААТ

Кристијан Танчевски

Наталија Ристеска

Илина Чоревска

Соња Ошавкова

Елена Моше

Александар Стефановски

Живко Борисовски

Никола Стефанов

Инспициент: Димитар Михајловски

Суфлер: Гордана Михајловска

Фотографии и дизајн на плакат: Сашо Илковски