Ретки се и егзотични, па токму затоа предизвикуваат восхит.
Статистиката покажува дека зелени очи имаат само два проценти од светската популација.
Зелената боја може да варира од светла нијанса на зелено, до темна и длабока, споредена со длабочина на смарагд.
Овие очи зрачат со сјај на младост и здравје и умеат да ја изразат убавината на душата. Се вели дека луѓето кои имаат зелени очи, се креативни, имаат емотивна интелигенција и длабоко резонираат. Храброста и страста исто така се препишуваат како особини на овие посебни личности, а она што ги издвојува од толпата, е моќта за длабока интроспекција.
Имено, во природата, зелената боја често се поврзува со свежина, виталност, раст, одново раѓање и обнова. Токму затоа, овие луѓе знаат да уживаат во природа и тоа е местото во кое наоѓаат вистински мир.
Би заклучие дека харизмата и мистеријата на зелените очи ја дополнува страста и желбата за творење кај оној што не го трга погледот од нив.