Низ светската интернет пајажина што љубопитно сакаме да ја отплетиме, дојдовме до „мала историја на мистериозниот X“ за да дознаеме: „Зошто Илон Маск е опседнат со буквата X?“
Еве што откривме после многубројни кликнувања на Интернет користејќи ги изворните референци. Историјата е означена со X , што означува присуство и предзнаци. Илустративно, на ѕидовите на пештерите во Шпанија се пронајдени X ознаки од пред повеќе од 10 000 години. Во средниот век, X циркулирал како предупредувачки симбол, знак на крстот и начин луѓето да ги печатат буквите. Симболистички гледано, буквата X има улога во алгебрата. Во 17 век, X влезе во алгебарската слика од францускиот филозоф и математичар Рене Декарт. Се роди и дводимензионалната координантна рамнина , формирана од пресекот на оската x и y оската. X на крајот стана основа за непозната вредност – нешто што треба да се реши. Со други зборови, X е мистерија! Може да издржи сѐ. X возбудлива енигма што го привлече вниманието на Илон Маск.
„Кога видов дека Илон Маск користи X , помислив дека тој е дефинитивно семиотичар, барем по дух.“ – рекол Марсел Данези, почесен професор по семиотика и лингвистичка антропологија на Универзитетот во Торонто и автор на Семиотиката на X. „ X е празно означувач и означувач на сѐ.“
Одлуката за ребрендирање на платформата за социјални мрежи е само еден од големите чекори во грандиозниот план на Маск да го направи Твитер со апликација „X“ која тој ја нарекува „апликација за сѐ“. Нешто кое може да се користи за дигитални трансакции и други финансиски услуги , исто како и кинескиот WeChat. Маск во една прилика ќе рече: „Купувањето на Твитер е забрзувач за создавање на X, апликација за сѐ!“
Авторот Волтер Исаксон ги сподели своите размислувања и нагласи дека концептот за X.com на Маск беше голем. Цитираше делови од неговата претстојна биографија на Маск: …„Тоа би било продавница за сѐ со едно место за сите финансиски потреби. За банкарство, дигитални купувања, чекирање, кредитни картички, инвестиции и заеми. Трансакциите ќе се извршуваат веднаш без да се чека да се расчистат плаќањата“. Неговиот увид беше дека парите се едноставно влез во базата на податоци и тој сакаше да осмисли начин на кој сите трансакции се безбедно евидентирани во реално време.
Маск ќе го купи домејнот X.com назад од Pay Pal во 2017 година. Таа страница сега ги насочува луѓето на Твитер. „Благодарам Pay Pal што ми дозволи да го откупам X.com. Има голема сентиментална вредност за мене.“- напиша Маск на Твитер во 2017 година. Имено, тоа беше прв пат, Маск да ја користи буквата X како име на домен, но не и последен.
Името на брендот на неговата вселенска компанија ја носи буквата X. Spase X , формално познат како Space Exploration Technologies Corporation е основан од Маск во 2002 година.
Компанијата го лансираше својот пробен лет вреден 3 милијарди долари. Па дури и во „најпродаваниот“ автомобил – Тесла на Маск, може да се види буквата X.
Моделот X лансиран во 2015 година беше „првиот SUV“ досега кој заработил оценки со 5 ѕвезди во секоја категорија и под – категорија во тестовите на Националната управа за безбедност на сообраќајот на патиштата“, како што е наведено на веб-страницата.
Маск го лансираше својот стартап за вештачка интелигенција наречена xAI. Според веб-страницата на компанијата, нејзината цел е да ја „разбере вистинската природа на универзумот.“
Илон Маск му го донесе „X“ НА СВЕТОТ – „Идната состојба на неогранчна интерактивност“ – рече извршната директорка на Твитер, Линда Јакарино.
„ X е празно означувач и означувач на сѐ.“ Оттука, ако е празно означувач, по логика на нештата може да го обликуваш и дефинираш по сопствена волја, ако имаш планетарна моќ, се разбира и ако знаеш како да го направиш тоа. Или, со други зброви…Ако си Илон Маск!