Како размислува Илон Маск?! Извонредно, охрабрувачки реплики кои ќе ни ги разбудат мозочните клетки!
Да не се лажиме, не зборуваме за било кој човек. Во прашање е Илон Маск. Дали му се посреќило или не, тоа веројатно зависи од која перспектива гледате на работите или што е она во кое верувате. Како и да е, според подолу кажаното, би рекле паметен човек богами.
1 „Јас, како Илон Маск никогаш не се откажувам. Би требало да бидам мртов или целосно неспособен. Од моја страна, никогаш нема да се откажам и мислам никогаш“.
2.„Мислам дека луѓето можат да изберат да не бидат обични. Знаете, тие можат да изберат да не мора да се усогласат со конвенциите што ги научиле од нивните родители. Така да мислам, дека е можно обичните луѓе да изберат да бидат извонредни“.
3.„Извор на сила? Хм! Јас навистина не размислувам така за работите. За мене тоа е едноставно: Ова е нешто што е важно да се заврши, а ние треба само да продолжиме да го правиме или да умреме обидувајќи се. Не ми треба извор на сила. Да се откажам, не е во моја природа и не ми е грижа за оптимизмот или песимизмот. Ако го „започнете“ тоа што сте го наумиле, ќе го завршите! “
4.„Вие момци сте магионичари на 21 век. Не дозволувајте ништо да ве кочи. Имагинацијата е граница. Одете таму и создадете некоја магија“.
5.„Марс би бил само најголемата авантура. Некогаш. И многу возбудливо. И мислам дека ни требаат работи во животот што се возбудливи и инспиративни. Не може да се работи само за решавање на некој ужасен проблем. Мора да се има причина за станување наутро. “
6.„Преземете ризици сега. Направете нешто смело. Нема да зажалите!“
7.„Кога нешто е доволно важно, го правите тоа дури и ако шансите не се во ваша корист.“
8.„Кога бев мало дете, навистина се плашев од темнината. Но, тогаш сфатив… Во ред, темно значи само отсуство на фотони во видливата бранова должина – 400 до 700 нанометри. Тогаш помислив… Добро, навистина е „глупаво“ да се плашиш од недостаток на фотони. После тоа, повеќе не се плашев од темнината. “
9.„Чувствувам страв доста силно… но има моменти кога нешто е доволно важно, доволно верувате во тоа и го правите и покрај стравот. Луѓето не треба да мислат: „чувствувам страв поради ова и затоа не треба да го правам тоа“. Нормално е да чувствувате страв. Ќе мора да има нешто ментално погрешно (со вас), ако не чувствуваш страв. Ако само ги прифатите веројатностите, тогаш тоа го намалува стравот.“
10.„Мислам дека е многу тешко да се основаат компании и доста болно. Има еден мој пријател кој има добра фраза за стартување: „Тоа е како да јадеш чаша и да зјапаш во бездна“. Ако ви требаат инспитативни зборови, не го правете тоа.“