„И наскоро ќе се поздравиме со брендот Твитер и, постепено, со сите птици“. Вака започна најавувањето од страна Илон Маск за новото лого на Твитер. Поранешното лого на птицата на Твитер во сина боја, сега е заменето со официјално ново лого „X“. Милијардерот, за ова наговестува уште од неделата.
Имено Маск го купи „Твитер“ за 44 милијарди долари во ноември, а токму ова беше неговата замисла, велат медиумите ширум светот. Логото „X“, сигнализира промена на „апликацијата за сè“ .
Вработените во „Твитер“, наводно, биле информирани за промената на птицата со е-пошта која завршувала со изјава дека тоа ќе биде последниот мејл на Маск што доаѓа од доменот Twitter.com.
Сепак, корисниците на Твитер не се воодушевени од оваа „естетска“ промена. Ниту, пак од повеќето работи што Маск ги направи откако ја презеде компанијата. Истото незадоволство е очигледно и од страна на врабoтените, а многумина од нив веќе ги напуштија своите работни места. Но, и покрај сѐ, Илон Маск ја привршува својата визија и продолжува да го реализира она што го наумил.