…И така продолжуваме да ја будиме убавата страна на светот. „Разбуди се“ поддржува креативни и инвентивни иницијативи. И кога целиот пакет ќе се вклопи во едно, секако позитивната енергија е неизбежна. Имено, стапивме во контакт со креаторите на Zezalica и меѓу редовите, во нашиот муабет се решивме да имаме соработка. Што повеќе позитивни луѓе, толку повеќе шириме оптимизам. Во ова денешно време, свесни сме за фактот дека неопходни се сѐ повеќе забавни содржини и нешто што ќе ја насмее нашата публика. Сигурно сте слушнале за страната на Zezalica, а за што разговаравме, прочитајте подолу.
Разбуди се: Како дојдовте до идеја за ваков профил и од кога ,,Zazalica” го најде својот интернет простор?
Профилот „Zezalica“ го направив спонтано без никакви планови во 2020 година, но активно споделувам забавна содржина од Март 2023 година. Јасна беше потребата од она „уште“ од страна на публиката, па секако се „нафативме“ на чекорот да го задоволиме нивниот апетит со доза хумор и многу забавни видеа, текстови. Има простор за „урнебес“ на нашите простори, па во некоја урнебесна комедија често и се пронаоѓаме, но понекогаш тоа е штосот. Нели?
Разбуди се: Колку денес се заработува преку социјалните мрежи?
Сѐ зависи од тоа каква содржина се споделува и колку следбеници имате. Најчесто тоа се соработки со брендови кои сакаат да се рекламираат. Сметаме дека социјалните мрежи денес се водечки потенцијал во поглед на маркетингот. Динамиката и брзиот развој на технологијата си го направија своето. Сѐ повеќе се буди свеста, дека работите функционираат интернет. Од најмалите бизниси до големи фирми, можат да добијат многу со ваквите промоции.
Разбуди се: Што се случува со денешните млади? Знаат ли да препознаат добар хумор?
Да, дефинитивно знаат да препознаат добар хумор и од нив имаме голема подршка.
Разбуди се: Која е идејата на,, Zezalica” и кој се крие зад профилот? Или останува тајна 😁
Идејата на ,, Zezalica” е секојдневно да засмејува и расположува. А кој се крие зад профилот на ,, Zezalica”… Тоа ќе го дознаете наскоро.
Разбуди се: Што можеме да најдеме на вашиот профил и кои се вашите идни планови?
На профилот на ,, Zezalica” споделувам забавна содржина, политичка сатира и популарни твитови.
Во иднина планирам да имам повеќе соработки со креатори на забавна содржина како што е соработката со Марјан Георгиевски и вашиот интернет портал.
…Епа дечки подгответе се за уште позабавни содржини! Да ја згрееме атмосферата, да се смееме до бесвест и да… Да се разбудиме во свет на убавото! Од денес, Zezalica можете да ги следите и на нашиот интернет портал!