„Младите жени и девојки вклучени во заедницата“ – Проект на Здружението за развој на ромската заедница

Од јануари до април 2024 година, Здружението за развој на ромската заедница го имплементира проектот „Младите жени и девојки вклучени во заедницата“ . Истиот е финансиран од Националната агенција за европски програми и мобилност на Македонија преку Еразмус + програмата на Европската унија.

Целта на проектот е да им се обезбеди на младите девојки и жени со помали можности од општина Битола и пелагонискиот регион, теоретско знаење. Знаење кое ќе им помогне подобро да го разберат системот. И доследно да ги користат демократските алатки. Токму со тоа да ја зајакнат нивната политичка зрелост и да бидат активни граѓани во општеството и заедницата.

Активностите во рамките на проектот вклучуваат обука, посета на Општина Битола и завршна конференција.