7 Тајни кои треба да ги знае секоја жена за да биде кралица!

Ем жена, ем кралица! Која не би го посакала тоа? Сепак, важно е да има поддршка од кралот кој се однесува со почит и уважување кон нејзината автономија и самооптимизација.

Како кралицата да ги добие поддршката и вниманието од кралот без наметнување на неговото владеење врз нејзиното царство?

Се знае, знаењето е сила, а кога се дополнува со правилен начин на акција, резултатот е впечатлив. Затоа, ако сте подготвени да го освоите својот свет како вистинска кралица, допрете го срцето на машкиот свет и применете ги овие тајни. Конечно се разголуваат. Или можеби се разголеле и многу порано отколку што мислиме дека знаеме, но ние жените, не сме го перцепирале тоа претходно. Време е за нашето владеење.

Кога ќе верувате во своите способности и потенцијали, тогаш се создаваат несекојдневни моменти на исполнетост.

Според студиите во областа на машката психологија, еден од најсилните стимули за мажите е потребата за почит. Тие се стремат кон пофалба и почит што не само што го задржува нивното чувство за самодоверба, туку ги надградува како личности. Мажите ја бараат почитта во сите сфери од животот, од професионален успех до улогата на партнер или родител. Ова потврдува дека почитта има важна улога во изградбата на машкиот идентитет и самопочит.

Гордоста е емоција која го дефинира машкиот психички пејсаж. Мажите се чувствуваат најживо кога имаат можност да ја демонстрираат својата компетентност  и интелигенција. Оваа гордост е најсигурниот знак за врвна форма на машкост и како таква се открива во формулата на жена – кралица. На жената која го претпочита престолот, останува трајно да ја меморира и оваа тајна.

Таа е една од најважните сегменти за мажите. За нив, прегратката или блиските допири се поголемо изразување на емоционалност и љубов, отколку било кој друг начин на комуникација. Тоа не само што ги исполнува со чувство на емоционално комплетирање, туку и ги наградува со она што најмногу го бараат-присуство на љубов и поддршка.

Додека жените имаат тенденција да ги анализираат проблемите од различни аспекти, мажите се фокусирани на индивидуалните делови на проблемот. Тоа им овозможува да ги решаваат проблемите со практичен пристап и да пронајдат ефикасни решенија. Тоа ги одбележува како решителни и компетентни.

За мажите, сеќавањето често е поврзано со потребата да ги пресоздадат вистинските настани. Тие не само што се сеќаваат на деталите, туку и ги освежуваат емоциите поврзани со истите. Ова претставува една од формите на запомнување што ги поттикнува на постојаност и длабоки врски.

За мажите, високиот степен на емоционално здравје се одразува на нивната способност да ги исполнат своите лични интереси. Кога успеваат да го постигнат ова, тие ги задржуваат своите само – актуелизациски цели што им помага да го развијат својот личен идентитет, независно од околината и односите кои се вклучени.

И така, мои дами со овие тајни во вашите раце, имате сѐ што ви треба да станете жена – кралица во својот живот. Не заборавајте, моќта лежи во вас, а со правилно водење на неа, нема што да ви пречи на патот кон вашата сопствена слава и среќа. Бидете жена – кралица  во својот свет и влaдејте со грација и визија.

кралица

пишува Ромина Марковска