Она што еден маж забележува, кога го става своето внимание врз темата „Атрактивна жена“ е многу повеќе од физичка појава. Физичката атрактивност, како прв сегмент што привлекува внимание , вклучува карактеристики како лице, телесна композиција, облека и стил. Но, за мажот, атрактивноста не завршува таму.
Интелектот и образованието се аспекти кои мажот не само што ги забележува, туку ги цени и таа жена, со овие,,епитети” за него е атрактивна. Жената која ја развива својата интелектуална страна, често привлекува внимание, создавајќи врска на доверба.
Емоционалната зрелост и способноста за емпатија им претходат на интелектуалната надградба. Она што еден маж го вклучува во првиот контакт со неа, е нејзиното срце. Доколку тоа ги задоволува критериумите на сочувство и искреност, мажот не го трга погледот од ова срце. Дотолку повеќе, што ги слуша неговите отчукувања и додека сонува. Оти ова срце му лежи на неговото рамо.
Способноста на жената да го одржува здравиот животен стил и вешто да го имплементира во социјалната интеракција, одбележува чување на целината на вистинските вредности.
Атрактивната жена е повеќе од лице и тело. Таа е целосно доживување на интелект, емпатија и вредности што одразуваат неодолива харизма и привлекување.
пишува: Р. М.