Заврши „На Кино па Олабај“ со Манаки ОФФ – Стихови, филм, музика, Битола блескаше во културно-уметнички бои

manaki off манаки офф

Стихови, филм, музика, Битола блескаше во културно-уметнички бои, а сега заврши „На Кино па Олабај“ со Манаки ОФФ. Меѓународниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ поттикна манифестација на настани со широк спектар на културно-уметнички бои. Изминатите осум дена КЦ Магаза во Битола создаде интердисциплинарна програма со топло добредојде и на домашните потенцијали.

На уметничката сцена се испреплетија изложби, книжевни муабети, работилници. Еукативни и инспиративни, стендап, проекции на документарни филмови, многу музика, пезија, филм. Заврши „На Кино па Олабај“ со Манаки ОФФ

Програмата започна со книжевните муабети со писателката Румена Бужарковска и едукативните работилници   „Наследниците на Манаки“, наменети за средношколци. Секој нареден ден во нова содржина.

Изложбата на фотографии „Со љубов од Битола “ ја долови убавината на Битола.Го истакна златниот пресек на трдиционалното и модерното. Истото го спакова со инфо-кре работилница „Крај Вардарот сесии“ ја разбуди креативноста кај младите дизајнери.

Преку изведбата на проектот „Реобмислување“, писателот  Дејан Трајковски  во друштво на Бранислав Николов и Гоце Јовановски ја промовираа збирката „Филмски песни“.

Феминистичкото Stand up шоу со Софија Ристевска Петрушева и Никола Пројчевски проговори интимно за секојдневието, за ситуациите во кои е невозможно да не се препознаеш и да останиш рамнодушен. Промоција на плочите „THE BACK OF BEYOND“ на Кокан Димушевски и „ГРИЖА НА СОВЕСТА“ на Паркети започна со муабет, продолжи со рокенрол и заврши со преслушување на плочите во исклучително пријатниот амбиент во Слушачката соба. Во дворот на КЦ Магаза за социјализацијата се погржи Гоблин со друштвените игри. Филмското кабаре на Широк сокак овозможи филмската магија да не биде сконцентрирана исклучиво на „црвениот тепих“. Така, фестивалот „Браќа Манаки“ да излезе надвор од протоколите и да се измеша со граѓаните на Битола.

Во КЦ Магаза беше опремен слушачки агол со Теохаров аудио систем. Таму се реализираа аудио презентации на музика за филм, работилници, премиерни аудио презентации.

„Ја завршивме програмата *На кино па олабај со Манаки ОФФ.* со настан и процес инспириран од еден сон. Овој пат крајот значи нов почеток. Изложбата „Јазична меморија“ во оваа форма е гласен почеток на уметницата, Сташа Божиновска, на патот на нејзиното творештво.“ – Не зивестија од Арт Акт.

-Програмата ја реализиравме под мотото „На Кино па Олабај“ во рамките на проектот „Олабај“ чија цел е надополнување на фестивалските програми на дел од меѓународните фестивали во Битола. На овој начин како град, како заедница, ставаме траен печат на историјата која ја испишува фестивалот Браќа Манаки, во иста мера како што тој остава во историјата на Битола.“