Pranк на Мими YUGO – Прво видео за загревање на POMELO TV

YUGO POMELO TV

И така, Мими си фура со YUGO без да знај оти тука некој можи кочница да му клај. Кочница на цела работа. Мими YUGO се најде на you tube каналот на POMELO TV!

Еми сега југото та југото. Епа се појавија едни опасни момци и дојдоја до брилијантна идеја. Решија да откачат оти веќе аман. Р’рже р’ же не се држе. Инаку Кумба и Јоцо и цела екипа на Pomelo TV во позадина му напраја PRANК на Мими YUGO. За оние шо не знат Prank шо е (оти овие младиве не мрднаја со термините), му напраја местенка. Го зезнаја. Го зафркнаја. Априлили му напраја.

Видеото подолу се фокусира на цел план како до целта. Инаку виртуозот Јоцо, знај чарето да му го најди на сите количина. Така, зеде исчепка во тие тељојте в југо тамуви… (Мими не читај) му пресади срце на јулијана и ја нареди работата. Целта е да му ја застанват колата од далеку со далинско, а тој појма да нема и се разбира ќе мисли дека е за поправка.

Прво бараја чаре како Мими да се оддели од Јулијана барем една вечер, па од ко му текна, почнаја да дешават.
Што се однесува до видеата и екипата на Pomelo TV, ова е само мало загревање, а можноста да уживаме во квалитетен хумор и многу нови видеа од забавен карактер, ќе ја имате допрва.


Патем, од ко се деси цела работа и од ко му кажаја на Мими како го оперираја YUGO, тро експлодирала бомбата. Имаше тро тегнења, али ќути се смирија страстите. Шега на страна и не е лесно да гледаш како ти ја расклопват цела кола пред очи, тантела ја прат, па и те зафркават.
Програмата не се препорачува за лица со слабо срце…Нарочито со слабо срце кон YUGO.