„Јас сум мешавина на Ник Слотер и Чомо“ – Членовите на Pomelo TV во емисијата „Нешто конкретно“!

Членовите на Pomelo TV во емисијата „Нешто конкретно“!

„Не можам да најдам алишта, не ме фрустрира тежината туку понудата“; „Во Битола постои патека за слепи лица која што не завршва нигде!“; „Како Градскиот совет во Битола избриша велосипедска патека?“ – „Нешто конкретно“ оваа недела со тема – комплекси. Како се излегува на крај со искомплексираните и дали воопшто е можно да се случи тоа? Со кого е потешко со мажите или со жените, со оние на функција или со оние кои не се баш моќни, со оние со најјака кола или со оние кои возат нешто поевтино? Гости во „Нешто конкретно“ кај Снеже Велков, овојпат беа битолчани. Одговорија на интѕересни и доста интригантни прашања…

Дали фрустрациите доаѓаат одвнатре или некој од надвор ни ги наметнува. Михаил Мими Марковски, Владимир Дади Ивановски, Душан Кузевски и Никола Тргачевски Кумба. Сите беа дел од театарот „Солза и смеа“, а сега допрва ќе настапат со нешто свежо во етерот. Имено, дечките дојдоа со југо, а попатно имаа време да смислат песна за роденденот на водителката.

Никола Тргачевски – Кумба, се изјасни дека комплексите се создаваат поради тоа што во неговото опкружување сѐ уште на луѓето им е многу важно што ќе каже другиот за нив. За себе смета дека нема никакви комплекси, па се пошегува дека му рекле оти чевлите му се многу грди, но тој сепак дошол во емисија со нив.

Нешто конкретно

Далеку со размислувањата не беа ни неговите соговорници и пред се пријатели. За нив комплексот не постои, но затоа туѓите ги ловат како риби.

Нешто конкретно

Оваа четворка ќе ве изнасмее со своите примери за искомплексираните ликови во нивното опкружување. Тие дури им имаат дадено надимак на таквите – Комплексо. Душан смета дека човек што заслужил да го носи тој прекар сигурно постојано се жали за се околу себе и во ништо не може убавина да најде. Во емисијата дознавме и дека во Битола постои патека за слепи лица „која што не завршва нигде“, рече Дади. Мими додаде дека во истиот парк постои и велосипедска патека која е избришана. Како е избришана? Па на Градски совет ја избришале да не важи повеќе иако сѐ уште постои. Велат кога поминуваш таму, се молиш оти подобро е да те удри слепо лице отколку точак. Паркот Телевиса презента е очигледно многу интересно место за посетување во Битола .

Во продолжение погледнете ја емисијта на дечките од Pomelo TV и Мими YUGO и уживајте.