Снеже(То) Велков од ,,Нешто конкретно” во Мими YUGO!

Снеже(То) Велков од ,,Нешто конкретно” во Мими YUGO!

Мими вака – така запна со YUGO и почна да ,,растурва” низ Македонија. И то не било каде, ами дирек на главното. У Скопје човече. ,,Чичка пипил”, трафик џемО шта да ти причам… лудила. Ааали со семафори, свирки и сите работи. Тро тензично во главниО град и сите се чудат на олтајмерот. Гостин во YUGO – Снеже (то) Велков од популарното емисивче на Телма: ,,Нешто конкретно”. Иначе ќе ви раскажвавме на долго и широко за тоа оти Мими со дел од екипата на POMELO TV, тргнаа за да бидат во нејзината емисија, али да скратиме и да не се зазборваме… Ко за загревање пред да одат таму, Снеже се повози во YUGO.

Превозбудена дека е во вакво,, колиште”, најпрво гостинката си напрај ревизија.

ЗачуденКа од олтајмерот и воодушевена, му подобјасни на Мими како функциинираат овде во сообраќајот, чунки во метрополата. Инаку Снеже не живеела од секогаш во Скопје, па во YUGO сподели шо се дешаваше откако стапна во главниот град.
,,Веднаш откако дојдов во Скопје, почнав да зборувам скопски затоа што мислев дека така помалку ќе бидам игнорирана и полесно ќе се интегрирам во скопско друштво.”

Имено, би рекле дека оваа госпоѓа е пример за една амбициозна жена, за една вистинска дама, нежна, а толку моќна.

Секогаш со широка насмевка и жена што не познава бариери и граници кои би ја спречиле во остварување на нејзината визија. Евидентни се успешните резулати на Снежето (на битолски) , кои зборуваат дека кога се сака се може и кога човек доволно верува и се труди, неминовен е успехот. Снеже се врати на почетоците и раскажа за својата кариера во „канцеларивчето” на Мими. Како интересна дешавка го спомна моментО кога требало да сними некоја позната фаца (Х господин) кој доколку би го интервјуирала, ќе придонел многу за гледаноста. Али сите си прат грешки, па така и Снеже… Наместо дотичниот господин„Фаца”, таа снимала скрос друг чоек.

Иначе од она шо ние би го искоментирале е оти Јулијана (југото на Мими) е веќе позната (би рекле) исповедалница и не знам дали од топлината и нејзиниот комфор или од позитивната енергија на Мими, сите гости опуштено дискутираат, откриваат и советуваат.

,,Од Македонија сакаат да се исселат оние кои што заработуваат солидно.. ” – понатаму во муабетот поентира гостинката, а за останатите детали, ѕирнете си во видеото. Е откако ќе го изгледате, земете си пуканки и лабаво во 17 часот пуштете,, Телма” и гледајте ги Мими, Дади, Дуле и Кумба во емисијата на Снеже ,,Нешто конкретно”.

П. С. Кизнеј шо ќе кажат, душата ми се треси налет да се сторат… И патем, извинете за битолскиО, али не е случајно. Намерно е!