Мими со југото стигна до метрополата – Јулијана искачи 15 тона на плетварО

Мими со југото стигна до метрополата, а патем 15 тона роба возеше внатре. Патем под ,,роба” мислам на овие ѕверките мои. Никола Тргачевски – Кумба, Душан Кузевски – Дуле и Владимир Ивановски – Дади. (Требаше да ме повозат и мене, ама многу ,,ризично” е со ова екипа.)

Иначе убајте љугенца тргнати се за во емисија кај Снеже Велков во ,,Нешто конкретно”. Е сеа шо конкретно ќе кажат таму, едвај чекаме да видиме оти овде баги ,,неконкретни” беа. Во уба смисла. Фала Богу, на пола пат калдисаја, мигнаја и тро згрчија, а ништо чудно и некој сон да манаја.

Со песна и адреналин на јако, дуздисани стокмени, суредени го поминаја плетварО. Иначе Дуле, Кумба и Мими се и носталгично поврзани со ,,скопјанишчата”. Овие момци некогаш се пробале во урбаното, тро хаотичното, и то метрополското.

Али замисли ти битолчани во Скопје. Кубата се искршил со тротинетО на стритО. Оти ваљда во паника тротинетО ја менал безината… ( И така, кинезО шо го измисли, сигурно немаше убо тактизирано како да го адаптира ,,возилото” ко ќе станва збор за нашите улици и Кумбата на нив.

Душан (од к’сметлија) го нападнале во некој сокак и ќе му го ,,скинеле” гркланО со ножишче, али Дади па се пофали оти животот таму му поминал низ песна.

Каако и да е во југото, си признаја оти врти сучи Битола не ја дават, а богами вакви суратчиња и Битола не ги дава лесно.

Шо дешаваја по пат и шо не помина југото до Скопје, видете си во видеото и уживајте во најновата емисија на Мими.

П. С. Извинете за битижолскиО. Ама намерно е, не е случајно.