Една година YUGO емисија! – Јулијана и Мими рушат рекорди во гледаност!

,,Точно на денешен ден 8 март, заедно со Hristina Jovanovska или Кики Плиш, го започнавме серијалот YUGO. Yugo емисија! Фала ви на сите кои ме гледате, ме поддржувате и нестрпливо чекате нова емисија. YUGO продолжува и понатаму” – стои во статусот на Михаил – Мими Марковски, нашиот прв соработник со ,,Разбуди се”.

Една година YUGO емисија! … И сега, како почна приказната…

Епа дури сите сонват за поршиња, јаки џипој, скапи автомобили и триста ѕунѕурки шо би му клале на аутфитот шо ќе одговара со некое ,,би ем даблју” шо ќе брчи кабадајски на Широк Сокак дури, нашиот Мими се одлучи за југо. Испадна оти олтајмерот има многу појака поента шо сепак не би одговарала со златен ланец и урнебес цвиќера, ама има нешто поголемо од таквите ,,асесорис”.

… И за разлика од сите, југото стана далеку попопуларно.

Така, Мими докажа оти со малку креативност и идеја, овој автомобил знај да биди далеку појќе од она шо го знајме за него. Ју… или застава. Мими одново го креира, го разбуди, и од него напрај студио и емисија шо стварно напрај бум во етерот. Една година Yugo емисија!

Кој би рекол оти во него ќе се качат важни битолски фаци, урбани ликови… Се повози и градоначалникот на градот, многу актери и музичари ја поддржаЈа неговата идеја, а она шо ние ќе го нагласиме е оти Мими беше првиот соработник на ,,Разбуди се”. Првиот другар шо ја поддржа идејата за нашиот магазин и заедно ја ,,возиме” истата цел. Нашата идеја е да ја разбудиме културата, свеста оти нашата Битола има конзулска душа и е срцето на Европа, на светот, дека овој град и оваа земја одново раѓаат таленти, креатори, позитивни чоечиња и луѓе кои уште се борат да го разбудат уметничкото.

Од она шо нашата екипа можи да го кажи е дека си сме горди на нашата соработка со Мими. Му посакуваме успех до небото и го поддржуваме проектот. Среќен Први роденден Mimi Yugo. Да се множат!

Во продолжение прочитајте го и првото интервју на razbudise.mk со Мими и откријте детали како сето то си започна.


П. С. Извинете за битолскиО. Ама намерно е. Не е случајно. А секако еве ја и осмимартовската вонредна и роденденска емисија.