Вашите омилени ликови од хумористичните видеа се враќаат во етерот на ,,POMELO TV”

Pomelo TV

Време е за нешто ново, нешто, ведро, весело, забавно. Имено станува збор за постоечки ,,you tube” канал преименуван во POMELO TV!

Во соработка со ,,Разбуди се”, сите интересни новости и забавни содржини од Pomelo TV, од сега ќе можете да ги следите на нашиот интернет портал. Нашата веб страна.

Ќе гледате забавни и креативни видеа и се разбира очекувајте многу хумор. Освен тоа, целта на ,,Pоmelo TV” и ,,Разбуди се”, е да ја освестиме културата. Да ја разбудиме уметноста. Да го откриеме талентот кај оние кои умеат и прават добар контент, а до сега немале вистинска прилика и интернет простор каде да се претстават.

Имено екипата подготвува нови видеа и секако штосна комедија за сите вкусови.

Она што дополнително го откриваме е дека многу од познатите актери кои беа дел од театарот ,,Солза и смеа”, ќе можете да ги гледате на постоечкиот канал, сега преименуван во Pоmelo TV!

Од денес уживајте во содржините на ,,Разбуди се” и Pomelo TV. А за што точно станува збор, погледнете во видеото на Никола Тргачевски Кумба во продолжение.

Време е за нешто свежо. Нови времиња, нови моменти, нова страница! Многу идеи спаковани во една платформа. Целта е, ова да биди вашето и наше место, катче во кое ќе можи да се најде буквално се што не интресира. Од едукативни теми, сериозни уметност до силна сатира и урнебес! Затоа што културата, учењето, уметноста и хуморот остануваат најдобриот лек за душата! А смеата? Смеата е најцивилизираната музика на светот…