Ќе го вТиме парето или мазникот?

мазникот

Се ближи Василица. Денот кога вагата ќе остани подзината. Ко ќе се поддупнува ушЕ едно петличе пЉус на пантољата и ко ќе се „стегни“ уште еден отвор на опасачО. Ко ќе пука патентот. Денот на ,,потоа”. Оти имаше пред, а ова е нели фамозното… потоа. Ќе го вТиме парето или мазникот?

мазникот, новогодишни празници

Официјално ќе заврши зимската идила со поздрави и честитки по социјалните мрежи. Со клавање на фотки од икони, посакување најсрдечни желби, благосостојби, тешки поезии, честитки за парето во мазникот. Сите поети денојве!

Е ама сега милички, лицето и културата шо ја шиткате преку интернет како модни блогери сликани со ѕунѕурките, можи да заврши. Ај сеа назад маските. Официјално се ,,поСАКАВМЕ” денојве. Се гушкавме на цела мака. Со елки и крисмас спирит, споделвање рецепти и с’скање оти нашата е најуба софра. Фала Богу заборјвме оти празниците се за подарвање, али ај ако не ова година, другата. Ако не, та по неа.

Месено, руски, кифлиња, мазничиња, колбавчиња, зелничиња. Да прскат јадења на инста. А брао! Сите се покажавте годинава! Домаќини нема шо!

Сега слободно можи да си ги искубиме косите. Се истрошија парината, па ќе се „стиска“ опет шемата со макијатце мало на корзо. Толку од љубовта и верата.

И пак ни е крив снего шо секако ги изненадва овие нашите. И пак се враќаат фантомски политики и патриотски смисли и размислувања. По кафани пак лаење за животот тука и колку треба да му се дај под рака на чоек за да му ја летните од овде.

Пак со топла ракија кај комшијата и муабети за тО дека останавме слепо црево, дека сите си испозаминаја… Дека цела чаршија дуќаните ги затвори и ни паре ни ништо не помага! Ама здрави и живи да сме!

Ама! Има едно АМА! Леле ако падни паретооо… друга ќе биди работата! А? Или не?