Повеќе од 4000 посетители на The Stars Symphony во Битола – Импресиите сè уште траат

The Stars Symphony

На речиси една недела по спектакуларниот настан The Stars Symphony во Битола, воодушевувањето и импресиите од настанот сè уште траат меѓу учесниците и посетителите. Овој музички настан собра преку 4000 луѓе од Битола и регионот, вклучувајќи и посетители од нашите соседни држави. Од Грција и Србија уживаа во врвни изведби од домашни и меѓународни ѕвезди.

Изведбите на познати артисти како Паркети, Суперхикс, Каролина, Констракта, Love Itoya, Schiller, Pig&Dan, Brass Brothers и секако локалните DJ Ile the Hair и DJ Boc. A во придружба на Камерен Оркестар Битола ја развеселија публиката… Поставија нови стандарди за квалитетот на културните настани во Битола и регионот. Коментарите и реакциите кои пристигнаа по настанот, говорат за исклучително позитивно искуство. Многумина изразија дека таков настан немало во Битола сè до 3 јули.


Само за потсетување, The Stars Symphony е прв музички настан кој се одржа на Градски стадион во Битола. Со истиот се отвори Битолско културно лето (БИТФЕСТ) 2024. На настанот му претходеше и детска олимпијада, со што отворањето на БитФест имаше содржина за сите генерации.

The Stars Symphony го збогати културниот живот во Битола, и ги спои различните генерации на едно место, давајќи им на сите едно неповторливо искуство. Оваа вечер ќе остане запаметена како момент кога Битола стана синоним за врвни културни достигнувања.

За повеќе слики и видеа од настанот, посетете ги профилите на Камерен Оркестар на социјалните мрежи Facebook и Instagram.

ПР Текст