креативен ден

Креативен ден 2024 во Битола – Епицентар на културата и модните случувања

Креативен ден 2024 во Битола – Епицентар на културата и модните случувања

„Креативен ден 2024“, настан кој се одржа во импозантниот простор на „Офицерскиот дом“ во Битола на првата вечер од месецот на липите, 2024 година. Интернет порталот „Разбуди се“ со огромна чест и задоволство го следеше настанот веќе неколку месеци. Ова беше прекрасно патување. Идејата на ,,Креативен ден 2024", потекнува од Весна Божиловиќ од продукцијата Божиловиќ. И професорките Анита Стефановска, Ема Ќука и Живка Танушева Ицановска од текстилната струка во СОУ „Таки Даскало“ Битола. „Креативен ден“ имаше за цел да ја подигне свеста за проблемите со текстилниот отпад и прекумерната потрошувачка. Како и да ги поттикне младите да учат занаети и…
Прочитај повеќе
„Креативен ден“ – Урбан крик за модната визија во Македонија – Разговор со тимовите од Прилеп

„Креативен ден“ – Урбан крик за модната визија во Македонија – Разговор со тимовите од Прилеп

Овој пат разговараме со тимот од Прилеп кој доаѓа од СОУ ,,Ѓорче Петров". Брилијантни и креативни умови кои несебично ги споделија нивните идеи и мислења за „Разбуди се“. „Креативен ден“ е настан кој потсетува уште еднаш дека во нашата земја постои уметничка и креативна визија. Дека Македонија пулсира во име на модата, дизајнот, естетиката. Ова се инспиративни личности со кои навистина ми беше задоволство да разговарам. И овој пат нема да трае сторителингот... Затоа што во редовите подолу, тие умешно ја раскажаа приказната и ги споделија мислењата околу настанот. Јулијана Поповска е професор по стручни предмети - Дипломиран инженер технолог…
Прочитај повеќе
„Моделот го создадовме со сплотување на идеи и искуство“ – Околу „Креативен ден“ зборува тимот од Штип

„Моделот го создадовме со сплотување на идеи и искуство“ – Околу „Креативен ден“ зборува тимот од Штип

„Се инспириравме од јасминот и кринот“ - Тимот од Штип со детали околу креацијата за настанот „Креативен ден“ „Креативен ден“ е повеќе од само настан за промовирање на креации. Тоа е просторот каде што слободниот израз се прославува како суштински дел од живеењето. Инспиративните модели кои наскоро ќе бидат носени од познати и влијателни дами, ја претставуваат уникатноста и оригиналноста на дизајнерите. Во овој спој на мода и култура, облеката не е само естетика... Таа е моќен медиум за пренесување пораки и емоции. Разговараме со тимот кој доаѓа од Штип. Страсна во својата работа, со одговорен пристап и некој посебен…
Прочитај повеќе
„Модата како медиум во нашата земја!“ – Интервју со тим на Креативен ден

„Модата како медиум во нашата земја!“ – Интервју со тим на Креативен ден

Ги броиме деновите до настанот кој внесува нов етер во уметничката сцена на Битола. Велам уметничка, затоа што модата сама по себе е уметност. И кога сето тоа ќе се спакува во еден културен дијалог помеѓу образованието и бизнис секторот, кога ќе се нагласи иницијативата за враќање на довербата кај стручните училишта, се добива идејата наречена „Креативен ден“. Денес, „разбуди се“ поразговара со еден од тим овите на настанот и со возбуда ви го пренесуваме разговорот во целост. Светот би можел да биде убаво место, со убава и позитивна енергија. Само се зависи од нашата иницијатива, нашата волја како сето…
Прочитај повеќе
Кога костимот е уметност, не познава бариери и пренесува приказна за идентитетот – Интервју со Билјана Крајчевска, Muamed Malikowsky и Флоренсија Дурак – Тим на „Креативен ден“

Кога костимот е уметност, не познава бариери и пренесува приказна за идентитетот – Интервју со Билјана Крајчевска, Muamed Malikowsky и Флоренсија Дурак – Тим на „Креативен ден“

Често обврските знаат да те донесат до едно латентно „Ох“ и едно „леле“… Ајде уште ова и да ја привршуваме неделава. Така некако со дождот минатата недела, ми се влечеше тој внатрешен глас и конфликт кој те притиска... Но, брилијантно е кога обврските всушност ти стануваат забава. И токму работата е оној креативен адаптер како своевиден „жетон“ за да создаваш уште и уште… И никогаш доста од уметност. Имено, разговараме со Билјана Крајчевска, Muamed Malikowsky и Флоренсија Дурак - Еден од тимовите на настанот „Креативен ден“. Личности кои за тоа кратко кафенце што го испивме во „Белата куќа“, знаеа дождот…
Прочитај повеќе
„Креативна работилница“ иницирана од „Креативен ден“ – Вмрежување на модниот уникум и валоризирање на талентот

„Креативна работилница“ иницирана од „Креативен ден“ – Вмрежување на модниот уникум и валоризирање на талентот

На 12 Април во петок 2024 година, во 11 часот наутро, во просториите на Офицерски дом во Битола, ќе се одржи „Креативна работилница“... Убавината и уметноста на дизајнот ја перцепираат исклучителни луѓе. Се нарекуваат креативни. Нурнуваме во современата модна култура и љубопитно се трудиме да ги разбереме сите нијанси... Целата палета на бои што ги носи уметноста... Пулсот на сето она што се нарекува креација, имагинација, просторен потенцијален уметнички механизам и капацитет за творење на извонредни приказни. Нашиот интернет портал веќе извесно време следи една токму таква извонредна приказна. Се нарекува „Креативен ден“. Токму по таа иницијатива, произлезе и приказната…
Прочитај повеќе
Креативна модна фузија и уште еден разговор со тим на ,,Креативен ден”

Креативна модна фузија и уште еден разговор со тим на ,,Креативен ден”

Спектакуларноста на модното парче не е во мигот кога истото само ќе го носиме над модна писта како финиш. Приказната започнува многу од поодамна. Се измислува, инспирира, креира. Во модата нема правила. Па ако јасно ја окарактеризираме како уметност, таа е слободна енергија, феникс кој не паѓа на ,,првиот ни на последниот испит". Знае само да создава и одново да измислува. А има ли нешто поубаво од тоа, да се создава? Од тоа, да се креираш? Токму затоа е,,Креативен ден". Околу ова си поразговаравме со Александар Ортаковски - моден дизајнер. Со дамата што ќе ја носи креацијата - Јасмина Ортаковска…
Прочитај повеќе
Разговор со еден од тимовите на „Креативен ден“ – Кога модата станува дијалог за промена

Разговор со еден од тимовите на „Креативен ден“ – Кога модата станува дијалог за промена

Кога уметноста се живее реално и е манифестација на сето она што ни недостасува. На она што ни треба... Кога таа е олицетворение на пулсот, енергијата, и чукање на срцето, се креираат најдобрите идеи. Токму така се роди идејата за настанот именуван како „Креативен ден“. ...Кога модата станува дијалог за промена! ИМЕНО ЗАД БРИЛИЈАНТНАТА ИДЕЈА И ПРОЕКТОТ, СЕ ПОТПИШУВААТ ПРОФЕСОРКИТЕ АНИТА СТЕФАНОВСКА, ЕМА ЌУКА И ЖИВКА ТАНУШЕВА ИЦАНОСКА ОД ТЕКСТИЛНАТА СТРУКА ВО СОУ „ТАКИ ДАСКАЛО” БИТОЛА И ВЕСНА БОЖИЛОВИЌ ОД ПРОДУКЦИЈАТА „БОЖИЛОВИЌ”. Нивната автентична идеја поттикнува враќање на довербата и имиџот на стручните училишта. Настанот, поврзан со модата е линк помеѓу…
Прочитај повеќе
„Креативен ден“ – Кога уметноста и љубовта кон модата се прегрнуваат и стануваат едно

„Креативен ден“ – Кога уметноста и љубовта кон модата се прегрнуваат и стануваат едно

Ги сакам луѓето кои креираат. Тие личности некако поблиску се до моите сфаќања. Според мене, створени сме да создаваме и секој може да влезе во тој творечки моментум. Само треба малку насмевка и убава енергија. Ако сето тоа го зачиниме со талент, добиваме совршен микс. Во нашот случај, на 1ви Јуни ќе добиеме совршена модна приказна, настанот насловен како „Креативен ден“.   На кафе во Бела Куќа Хотел Бистро, поразговаравме со уште еден од тимовите на настанот кој според нашиот фокус, е тенденција што ги спојува модните иновации со едукативниот процес. Големината на идејата се препознава во апелот кој самиот…
Прочитај повеќе
„Креативен ден“ – Настан кој го менува наративот на модниот крик на градот: На кафе со еден од тимовите

„Креативен ден“ – Настан кој го менува наративот на модниот крик на градот: На кафе со еден од тимовите

„Креативен ден“ - настан кој континуирано го менува наративот на градот. Организаторите се осмелија да обмислат посебна приказна, култна фузија и симбиоза на уметноста, модата и творечкиот дух. Креативен ден е линк меѓу образованието и бизнис секторот. Така меѓу редовите, наѕира и целта: да се подигне свеста кај учениците, дека оваа професија има иднина! Дека модниот дизајн е нешто кое може да редефинира граници. Да пулсира во име на урбаното, елегантното и да го врати паришкиот шмек како посебен концепт и традиција на битолските „чупиња“. Четвртокот беше посебен ден за нас. Позитивни емоции, вибрантна енергија и едно поинакво кафе во…
Прочитај повеќе