Апел до МекедонскиО супермен: Прибери си ја наметка, ќе тИскини полоЊата!

И Супермен да си, во оваа наша чудесна, баба ти ќе ти речи:,,Прибери си ја наметката сине в полојна. Овде дува корни ќе настиниш ќе се запустиш!”

Јел тако? Тако је брача супермен И!

Стрип херои, инста херои, историски херои! Па не дај Боже ќе се рашмркаме, па температури ќе фатиме. Кој ќе ни ги гледа греојте! Дува од сегде промаја. Малку од надвор, а малку и од Натре.

superman
Супермен

Културaва ни се собрала во куфери и запнала да лета. Над сонцето со заби. Свежо е и свежи. Убо е да се избегни ветров.

Нешто непрекинато се дешава! Имаме реклами немаме фирми кои ќе се рекламираат. Имаме продавници, ама „ни сметаат“ надзорните камери. Ќе имаме и граѓанска војна ако треба, само граѓани ни фалат. Е можи немаме визија, ама имаме телевизија. Можи немаме љубовни врски, ама врски за вработвање, насегде.

….И на крај си го имаме „Трудот“ (или заводО за вработВање), а таму и да би побарале работа, би ни рекле:„Леле и ние бараме, се отепавме од досада овде!“ И подобро е да си ја прибериме наметката како вистински херои, оти ако настиниме, матичниот би ни рекол: „Леле и мене не ми е арно, кажи жити се шо да прајме!“

Зато, не се прајте многу супермени! Ќе настините, попара ќе се сторите! А ќе нема кој да ве прегледа!