Второ издание на струмичкиот „Get EXITed“

струмичкиот Get EXITed

Струмичкиот „Get EXITed“ повторно на мапата на светскиот фестивал „EXIT“ –  7ми септември!

Струмица продолжува со посилен ритам. Get EXITed е локацијата што задолжително треба да се најде на списокот на журки за ова лето. Оснoвач и директор на фестивалот е Душан Ковачевиќ кој искрено се надева на моќната енергија на публиката, затоа што со силен аплауд, уметникот го дава својот максимум. Струмичкиот „Get EXITed“ овој пат ветува уште поголем спектакл!

Големи музички имиња и мега ѕвезди!

На овогодинешниот спектакл ќе се појават големи музички имиња и мега ѕвезди.

Единствениот Џон Њуман со неприкосновената титула на поп и соул ѕвезда. На сцената ќе блесне и творецот на најголемите светски хитови. Турски продуцент, диџеј со милијарда стримови само на „Јутјуб“,  Бурак Јетер. Оваа година во рамките на фестивалот, ќе ја слушнеме и неповторливата Констракта. Имено,пејачката ја претставуваше  Србија на Изборот на песна на Евровизија 2022 година во Торино, Италија. Песната „In corpore sano“ стана хит на балканската и светската сцена. Со неа, пејачката се пласираше на 5-то место од 40 натпреварувачки записи. 

Влезот е слободен. Заинтерсираните посетители кои имаат желба за ВИП секција, повеќе информации и детали има на овој линк.“ – велат организаторите и ја очекуваат бројната публика.

Џон Њуман НА EXIT СТРУМИЦА

КОНСТРАКТА EXIT СТРУМИЦА

Со своите исклучителни хитови, програмата ќе ја засили и Бурак Јетер (Burak Yeter). Бурак е турскиот продуцент, хитмејкер и диџеј со речиси милијарда стримови само на „Јутјуб“. Изминатава деценија песните „Crash“, „Friday Night“, „Happy“, „Oh My My“ ја освојуваат планетата, радискиот етер и фестивалските сцени. И додека „Tuesday“ заработи платинеста плакета во повеќе земји, се создаде и многу забележителниот ремикс. Ремикс за прекрасната песна „My Life Is Going On“. Настапи на овогодишниот „ЕГЗИТ“ фестивал, на Главната бина Горки Лист, и во таа прилика уште еднаш го потврди својот статус на мега-ѕвезда која создава атмосфера и енергија за илјадници и илјадници луѓе.

Бурак Јетер (Burak Yeter) на струмичкиот Get EXITed

Градскиот парк во Струмица на 7-ми септeмври 2023 година ќе биде главен центар на Балканот.

Струмица ќе го живее Егзитовиот спектакл.  

Време е за музика што навистина ќе одговори на потребите за уште поголем адреналин. За забава, за игра, насмевка. Време е за неповторливото искуство.

„Get EXITed“ е подготвен да ја прими својата публика.