Водечките светски медиуми: EXIT е музичко упориште помеѓу минатото, сегашноста и иднината

exit медиуми

Водечките светски медиуми со пофални зборови за најголемата музичка сензација EXIT

И оваа година, EXIT Универзум заблеска со плејада најголеми светски ѕвезди. The Prodigy, Wu-Tang Clan, Skrillex, Eric Prydz, Alesso, Dimitri Vegas & Like Mike. Публиката уживаше со Nina Kraviz, Indira Paganotto, Keinemusik и многу други. Беше место за собирање на повеќе од 200.000 посетители од преку 120 земји во светот. Меѓу другото и бројни музички професионалци и водечки светски медиуми беа привлечени од програмата. Афтентичноста на локацијата секако дека беше плус фактор кшто ги улови. Секако особено се воодушевија од енергијата и големината на европскиот фестивалски шампион, меѓу кои се DJ Mag, Mixmag, Crack Magazine, Beatport, EDM, Euronews, Daily Express и бројни други. „Никаде не е како на Exit!“ – пренесува британскиот Mixmag, глобалниот гигант кога е во прашање светската електронска музичка сцена.

медиуми

Медиумите се интересираат за фестивалот уште од самиот старт

EXIT од своите почетоци го плени вниманието на водечките интернационални медиумски гиганти. И оваа година од фестивалот понесоа силни впечатоци. Така италијанскиот огранок на влијателниот DJ Mag го прогласи EXIT за „упориште на музичкото минато, сегашноста и иднината“. Еден од највлијателните светски магазини кои се бават со електронската музика, британскиот Mixmag, исто така потврди за восхитот. „EXIT не е како другите фестивали“, како и дека „никаде не е како на Exit“. Овој медиум, отворањето на Главната бина го нарече божествено, додека Денс Арената ја прогласи за „рај на електронската музика“. Престижниот Crack Magazine го истакна EXIT како „еден од најпознатите музички настани во летниот европски календар“. Истиот, пренесе: „Да се посети EXIT е налик на церемонијална иницијација. Огромната, лавиринстка Петроварадинска тврдина е сама по себе за восхит. Преминувајќи го мостот над Дунав кон фестивалот, нѐ преплави размерот на раскошниот четиридневен спектакл“. 

exit

Британскиот Euronews 

Британскиот Euronews , EXIT го нарече „балканска оаза на драменбејс и техно“. Euronews во преден план ја истакна „неверојатната, единствена фестивалска локација“, а оваа репортажа ја пренесе и Yahoo! Продукцијата на Денс Арената за време на настапот на Eric Prydz опишана е како „еден од најимпресивните визуелни спектакли на фестивалот, кој ги маѓепса посетителите капејќи ги во светлина“. Посебно внимание посветија на прославата 50 години хип-хоп со Wu-Tang Clan како најистакнат претставник на жанрот, но и all-female вечерите на двете најголеми фестивалски бини. Британскиот Daily Express го опиша овогодишното издание на фестивалот како „журка од самрак до зори“, нарекувајќи ја Денс Арената „храм на електронската музика“, американскиот EDM четирите фестивалски ноќи ги претстави како „нескротливо блаженство на денс музиката“, прогласувајќи го EXIT за „еден од најразновидните и највозбудливите музички фестивали во Европа“, додека Deep House Amsterdam ја истакна „фестивалската продукција на највисоко ниво“.

exit vo svetskite mediumi

Славниот Beatport и оваа година секоја вечер на својот Facebook и YouTube канал ги пренесуваше настапите од Денс Арена, а пред камерата на највлијателната дигитална платформа за електронска музика се најдоа Nina Kraviz, Hot Since 82, Agents of Time, Mind Against, Indira Paganotto, Vintage Culture, CamelPhat, Gioli & Assia, Layla Benitez, 8Kays, но и Tijana T, Lanna, Coeus, Marko Nastić, Kristijan Molnar и Space Motion. Посебно внимание доби Human Rias, во своевидниот Beatport Instagram takeover.

Преплавен беше и инстаграм

Овогодишното издание на EXIT фестивалот ги преплави и инстаграм страниците на Deep Tech MinimalTechno and House MusicEDMSound of TechnoTechno CityRavers Residence и многу други, кои заедно бројат повеќе од десет милиони следбеници! Посебно внимание привлече спонтаниот бек-ту-бек сет на Nina Kraviz и Indira Paganotto, но и настапот на Skrillex и магичното затворање на фестивалот на Денс Арена со колективот Keinemusik.
 
Од Exit годинава известуваа повеќе од 400 медиуми од земјите ширум светот, од С.А.Д. и Мексико, преку Франција, Шпанија, Италија, Холандија, Германија, Велика Британија и Чешка, до Египет и Индија. Меѓи нив се и американските EDM и Nexus Radio, индискиот EDMLI, египетскиот Yalla Techo, мексиканскиот Vinil TV, ограноците на славниот Mixmag од Холандија и Германија, шпанскиот El Hype, француските Guettapen и Les Mixeurs, германскиот Backspin, чешкиот Headliner и многу други, а британскиот Euronews во својата видео репортажа порачува: „Беше навистина брилијантно искуство, апсолутна препорака за следната година“!