Стартап Македонија во соработка со Monday дигитална агенција со награда BRAND CHAMPION AWARD за Global Enrepreneurship Week 2022
– Глобалната недела на претприемништво (ГНП) е повеќе од настан. Таа е годишна иницијатива која служи како светилник за претприемачитее од сите краишта на светот. Стартап Македонија успешно стои зад оваа иницијатива веќе од 2018 година.” – се вели во известувањето.
,,Зад секоја годишна манифестација има месеци планирање, креативно размислување и иновации. Со искусниот тим на Monday дигитална агенција, и студентите од тренинг програмите за графички дизајн и дигитален маркетинг во Monday Learning кои стојат зад брендирањето и маркетингот на оваа иницијатива, Стартап Македонија успешно ја комуницираше својата идеја. Ја инспирираше локалната заедница и привлече внимание на глобално ниво во конкуренција од над 170 земји.”
Минатата година Глобалната Недела на претприемништво славеше јубилејни 15 години по основањето.
Инспирира и обединува претприемачи од различни култури и позадини. Под водство на Стартап Македонија и со креативната визија на Monday, минатогодишната Глобална Недела на претприемништво успеа да донесе една свежа и иновативна перспектива преку кампања која донесе рекордна посетеност на настаните во рамки на GEW2022. Соработката на Стартап Македонија и Monday дигиталната агенција трета година по ред добива номинација за наградата BRAND CHAMPION. Крајниот резултат оваа година беше самата награда.
„Startup Macedonia беше номинирана за 2 награди. Во име на целиот тим, ја примив статуетката за BRAND CHAMPION AWARDS за GEW 2022.
На Гала Вечерта во Мелбурн, Австралија присутвуваа 500 претставници од над 100 држави од светот. Тие заеднички делуваат преку своите организации во подршка на иновациите и претприемништвото. Горд сум што покажавме дека може да се направи вистински импакт доколку сите ресурси што ги имаме ги споиме заедно во една цел.“ – вели Игор Маџов – претседател на Стартап Македонија и координатор на Глабалната недела на претприемништво во С.Македонија.
Oвој успех е доказ дека кога организациите соработуваат со заедничка цел, нивните колективни напори можат да направат силен впечаток на светска сцена.