Со автентичен изглед, маркантност и завиден сликарски талент, Фрида Кало сеуште ивее низ нејзината уметност. Некои луѓе никогаш не умираат или можеби тоа се уметниците чија смрт е незначајна бидејќи оставиле дела зад себе кои и денес зборуваат.
Многумина го знаат тешкиот животен пат на оваа жена кој постојано се движел на удолници. Но, Фрида е симбол за храброст, издржливост и непокорливост. Имено, Кало, доживеала сообраќајна незгода во судар со автобус и трамвај, по што имала фатални последици и бројни операции за на крај да биде врзана за својот кревет 4 месеци.
Нејзините слики зборуваат за нејзините животни приказни, па можеби токму затоа оваа жена останала храбра. Од тука, голема е веројатноста да бидеме фокусирани кон предизвиците, но само ако некаде ја „испразниме“ таа емоција, ја запишиме, ја насликаме… Креативноста, понекогаш би рекле дека е пресликување на некое свое јас или длабоко мислење и болка која сме ја криеле во себе. Доколку го следиме нејзиниот пример, веруваме дека ќе изградиме незаборавни приказни и моменти кои ќе вредат да бидат прославени. Еве што ќе рече Фрида за нејзиниот живот. Нејзините цитати долго се паметат и често се споменуваат како пример,а нам овие пет ни го привлекоа вниманието.
„Jас сум личноста што најдобро ја познавам. Затоа сликав автопортрети!“
„На крајот од денот, можеме да издржиме многу повеќе одошто мислиме дека можеме да поднесеме.“
„Ништо не е повредно од насмевката. Ти дава сила да се смееш и да се напуштиш себе си, да бидеш светлина. Трагедијата е најглупавото нешто.“
„Се надевам дека излезот е радосен и се надевам дека никогаш нема да се вратам.“
„Сликам цвеќе за да не овене.“