Напишана во 1888 година, „Мечка“ од Чехов изобилува со моќни емоции, брзи дијалози низ кои се испреплетува т.н. хаос од аргументи кој низ ненадејни пресврти завршува маестрално.
Режисерот Александар Димитровски – Саше во свој сопствен препознатлив стил, ги долови елементите на водвиљ кој секако носат комични ситуации. Колку е тенка границата помеѓу она што се вика љубов и страст наспроти омразата и гневот. Во афтентичниот стил на маестралните актери од театарот „Солза и смеа“, битолската публика имаше можност да ужива во претствата која ја доживеа својата премиера на 3 Март во Офицерски Дом – Битола, со нивната насловена како „Вдовицата се омаже“, работена по едночинката „Мечка“ на Чехов.
Имено популарните ликови од „Солза и смеа“, ги задоволија апетитите на прилепската публика изминатиот месец, а сега повторно ќе настапат со својата урнебесна комедија што го заслужува вниманието на перцепиентот!
Играат: Александар Димитровски
Валентина Кожовска
Ангела Цветковска
„Вдовицата се омаже“ во Прилеп на 20 Јуни во 20:00 часот.