Шаховскиот клуб ШАХ-ШЕХ – Битола подготвен за уште еден традиционален турнир

sahovskiot turnir шаховскиот турнир

Шаховскиот клуб ШАХ-ШЕХ – Битола на 15.10 2023 година, со почеток во 10,оо h го организира традиционалниот турнир во забрзан шах ШАХ-ШЕХ Вавилон open.

ШАХ-ШЕХ - Битола 
sah seh bitola

На турнирот ќе учествуваат шахисти од сите градови и клубови во Македонија, но и шахисти од другите балкански држави. Соработката на ШК ШАХ-ШЕХ со клубовите од соседните држави резултира со организирање на бројни турнири. Како во Битола, така и во соседна Грција.

Турнирот е со висок рејтинг. Ќе се игра според правилата на FIDE во девет кола со темпо на играње од 10 минути со додаток од 5 секунди за секој потег. Турнирот е од отворен карактер и право на учество има секој шахист.

шаховскиот турнир
ШАХ-ШЕХ - Битола 
sah seh bitola

За условите за пријавување подетално можете да се информирате на Chess rezults mkd.

За шаховскиот турнир, најавија учество и шахисти со висок рејтинг и меѓународни титули. Учествуваат велемајстори, интернационални и FIDE мајстори и други одлични шахисти.  Од страна на организаторите се најавува и пригодна презентација на активностите на клубот, но и промоција на шаховска химна.

ШАХ-ШЕХ - Битола 
sah seh bitola

„Сите заинтересирани за овој настан слободно може да дојдат на свеченото отварање на турнирот во Ресторанот Вавилон, но и да го пратат текот на турнирот, се разбира со почитување на редот кој се практикува за вакви настани. Прогласувањето на победниците ќе биде извршено веднаш по завршувањето на турнирот за што ќе бидете веднаш известени.“ – известуваат организаторите.

ШАХ-ШЕХ - Битола