Само за трилерџии – Себастијан Фицек со неверојатна приказна
На кафе во Book’s house разговараме со Јулијана Делев. Меѓу првите и пoследните голтки, освен убавото битолско клише што вклучува: Kако си, што си? … Помина доста време од нашата последна средба…“, ја прашавме Јуле за книга. Како љубителите на трилерот како жанр, се разбира окото ни долови една корица. На насловната блесна името на маестралниот ум за трилери Себастијан Фицек! Очи во очи со книгата која не гледаше ококорено од полиците, моравме да ја споделиме како предлог книга. Книга наменета само за оние „најжестоите трилерџии“.
Ловец на очи (Колекционер на очи) е феноменалното дело на Фицек, автор на кого публиката му се воодушевува и едвај чека нешто ново од неговото „перо“. Имено, во описот за книгата е запишано:
„Тој е најдобриот очен хирург во светот. Легенда во операционата сала. Доктор Зукер е психопат кој води двоен живот. Преку ден ги врши најкомплицираните операции на човечкото око. Но, ноќе се фокусира на неговите „специјални пациенти“. На жените на кои им ги отвора очите во најбуквалната брутална смисла на зборот. Им ги отстранува очните капаци, ги силува – и им дозволува да побегнат.
Досега, сите негови жртви имаат извршено самоубиство.
Бидејќи немаат ниту сведоци, ни физички докази, полицијата бара помош од Алина Грегориев. Слепата физиотерапевтка, која се смета за јасновитка од случајот со „Колекционерот на очи“, треба да се обиде да даде некоја насока за следниот „пациент“ на Зукер. Алина неволно се согласува – и со тоа пропаѓа во вртлог на лудило и насилство. Нејзиниот пријател, Александер Зорбах, е единствената личност која би можела да ја ослободи, но тој е западнат во комплетна апатија уште откако „Колекционерот на очи“ го киднапира неговиот син. Ни едниот, ни другиот од нив сѐ уште нема сфатено дека постои фатална конекција помеѓу „Колекционерот на очи“ и „Ловецот на очи“, Зукер…“
Според описот, Себастијан Фицек овој пат преминува граници, се надминува себе си во поглед на инспиративноста и литературниот дострел, руши бариери и секако сѐ повеќе ги задоволува апетитите на љубопитните трилерџии.