„Романса со господин Бриџертон“ е книга наменета само за вистинските книжевни „апетитлии“. Посебно искуство и приказна.
Романса со господин Бриџертон, најшармантниот маж во Лондон, започнува со Пенелопе Федерингтон. Но, зад светската фасада на Колин Бриџертон се крие сложена и длабока личност која малкумина ја познаваат.
Пенелопе Федерингтон, скромна но интелигентна девојка, го обожава Колин уште од мали нозе. И сонува за романса која ќе вклучува страст, романтика и приказна за љубов. Таа едвај чека да доживее развој на емоции и среќен крај со овој човек. Верува дека го познава подобро од било кој, благодарение на тајното набљудување низ годините. Но, еден случаен момент ја открива неговата длабока тајна и нејзиниот поглед кон него се менува. Пенелопе сфаќа дека можеби никогаш не го познавала.
Колин е изморен од тоа што сите го сметаат за површен шармер. Преку глава му е од опсесијата со мистериозната Леди Вислдаун, озлогласената колумнистка која постојано го споменува во своите пишувања. По враќањето од странство, тој наоѓа дека животот му е променет – и особено Пенелопе Федерингтон!
Пенелопе која некогаш беше само сенка, сега е зрела жена која го привлекува неговото внимание на неочекуван начин. Таа станува центарот на неговите мисли и соништа. Но, кога открива дека и таа има своја тајна, Колин мора да преосмисли дали таа е најголемата закана за него или пак неговото ветување на среќен крај.
Џулија Квин маестрално ја спојува романтиката и тајните на оваа незаборавна романса. Колин и Пенелопе се соочуваат со своите најголеми стравови и копнежи предизвикани од магијата што се родила во нивните срца. Секој миг што го поминуваат заедно, ги тера да се истражуваат себеси и своите чувства . Силата на нивната врска ги води кон среќен крај.
Книгата можете да ја најдете во Book’s House.