Се плаши ли уште некој од староста? – Колумна на господин Буден

староста

Што е староста? А што е младоста? Постои ли вечна младост, а постои ли вечна старост? Го гледате ли и вие истиот сон? Се плаши ли уште некој од староста?

Во превод, би изгледал некако вака: Стар господин и госпоѓа седат еден до друг, гледаат телевизиски серии, досадни исти… Рекламите течат на паузите и никој не се интересира за ништо. Никој не е заинтересиран за ништо. За ништо! Таа е облечена во долг плетен џемпер (затоа што нели мора да го следиме клишето на баба), тој има подебел џемпер во сива боја. Косата им е бела, брчките им се истакнати. Не мислат на ништо.

Ќе мислиме ли ние тогаш двајца? Ќе бидеме ли двајца?

Дали било добро, дали лошо? Ќе мислиме ли и ние на она што изминало? Дали можеби ќе ни биде криво за сето тоа што сме го изгубиле? Ќе сакаме ли да се вратиме со силен копнеж кој ќе не убива и ќе не тера на по уште една ракија, виски или шток со жолтите, сините и црвените таблети, уредно спаковани во кутија од Џамбо? Ќе ни биде ли криво и страв дека старееме или дека остаревме?

„Мила…јас сум на залезот на сонцето и секое утро се заблагодарувам дека сум жив!“Се плаши ли човек од староста?

Ако сме свесни дека сме на залезот, значи чекаме. Ако се будиме утрото, значи сме живи, но ако се заблагодаруваме што сме живи, значи не сакаме тоа сонце да зајде! Сакаме ли уште од животот и колку сме сигурни дека уште имаме од него?

староста
starosta

Колку сме сигурни дека е проклето кратко времето. Дека се раѓаме и растеме „на брзина“, па стануваме бунтовни тинејџери. Па млади господа кои поим немаат од светот ама брзаат да го прошетаат. А потоа тој не шета нас со џин, малку блуз рок и како сакате. Каде? По тавани се разбира. Колку сме сигурни дека е фантастично проклето кратко? Дека стануваме сопрузи, станувате сопруги. Па доаѓаат деца, па финансии, тие проклети сметки, трки, успеси, неуспеси… Малку љубиме, не љубат, не мразат, не болат. Малку нерви, смрт, сакање, мразење, и едно „Ќе се видиме пак…“, кое сѐ помалку го исполнуваме.

Колку сме свесни дека сѐ е проклето кратко? Колку сме свесни што пропуштаме? Знаеме ли колку тоа навидум малку  што го пропуштаме е едно големо многу?

Ги гледаме ли како растат? Децата, дрвата, растенијата? Гледаме ли како изгрева? Сонцето, животот? Гледаме ли како пеат? Птиците, песните, воздухот? Изгледа дека тоа ни е во кодот, да гледаме само кога ќе зајдат, кога ќе престанат да пеат. Кога нема да свети, да живее, да шумоли, да се смее. Како да најповеќе не интересира како сѐ ќе заврши, а не како ќе започне. А потоа се жалиме, молиме и/или молчиме. На рекламите…Во сив џемпер без насмевка, со пропуштени шанси и милион брчки.

Време ли е да сфатиме дека треба да живееме?(со ситни или гоеми букви?)

Се плаши ли уште некој од староста? Ако сте млади и ако се плашите, значи станувате свесни дека овој живот е да се цени и живее. Дека моментите поминуваат, а е до нас да ги забележиме, допреме, гушнеме. Затоа што еден ден ќе биде доцна. За ние да видиме. Ние да слушнеме, ние да разбереме. Затоа што ние ќе зајдеме.

Сите каратери во колумната се измислени. Мислењата, заклучоците и ставовите се авторски и не ги претставуваат официјалните ставови и мислења на razbudise.mk

Пишува: Господин Буден