ROCKESTRA го претстави својот прв трибјут концерт насловен „Sweetest Taboo“, посветен на Шаде. Концертниот трибјут се случи во Битола на сцената на Народниот театар.
Вокалите на Тамара Стојковска, Јасна Димитровска и Рената Симоновска изведуваа најомилени хитови на Шаде.
Публика од сите возрасти ги исполни седиштата до последното место, а нивната возбуда беше опиплива уште кога бендот излезе на сцената и ги отсвири воведни акорди на легендарната Sweetest taboo, која донесе моменти на носталгија. ROCKESTRA го претстави својот прв трибјут концерт на Шаде и тој не беше само настап, туку патување низ најголемите хитови на британската поп дива, а секоја песна звучеше како едно поглавје во саундтракот на многу животи.
ROCKESTRA е музичка формација составена од седум членови со цел да ја прославуваат музиката на легендарните уметници преку трибјут изведби. Во нејзиниот состав се овие имиња: Влатко Симоновски, Александар Димитровски, Коста Стевановски. Тука се и Кристијан Магденовски, Иле Лулевски, Дамијан Грујо и Дејан Трајковски.