Битола овој викенд со концерт – како музичка почит на Шаде

Битола овој викенд со концерт - како музичка почит на Шаде

Овој викенд, исклучителен концертен настан ќе се случи на сцената на Народен театар Битола. „Sweetest Taboo” e насловот на овој концерт закажан за 10 февруари, како почит кон славната британска поп икона Шаде. Од самата органзиација ветуваат ноќ исполнета со нејзините легендарни хитови.

 концерт

Концертот ќе биде и сведок на дебито на ROCKESTRA. Toa e ансамбл кој обединува десеттина познати музичари од Битола. Со него ќе настапат и женските вокалистки Тамара Стојковска, Јасна Димитровска и Рената Симоновска.

Овој проект на ROCKESTRA има за цел да започне серија на концерти. Истите ќе дадат нов живот на класичните мелодии на популарната музика, создавајќи незаборавно искуство за присутните. Настанот, насловен по една од најпознатите песни на Шаде, нема да е само концерт, туку прослава на музиката. На уметноста и целовечерно шоу со сценографија и светлосни ефекти, кое долго ќе се памети.

Музичката формација ROCKESTRA планира да биде мост што го поврзува градот со неговата сегашност, истакнувајќи ги талентите на локалните уметници додека им оддава почит на меѓународните музички легенди.

Битола со уште еден нов голем бенд е пак доказ за неговата енергична музичка сцена и традиција да ги зближи луѓето преку универзалниот јазик на музиката. Влезниците за концертот се пуштени во продажба и можат да се набават на билетарата на театарот секој ден од 18.00 до 20.00ч.