Горан Бреговиќ најавува голем концерт!

Горан Бреговиќ

Прочуеното музичко име на балканските простори – Горан Бреговиќ, на 23ти Март ќе одржи голем славенички концерт во спортскиот центар „Јане Сандански” во Скопје.

„Во годината кога се слави 50 години од основањето на најуспешната екс ју рок група Бијело Дугме, а само еден ден после неговиот  роденден, Горан Бреговиќ ја прифати нашата понуда да со својот ” Оркестар за свадби и погреби” одржи голем славенички концерт.“ – најавија организаторите, а легендата ќе забележе:

-Важно, Бреговиќ порачува, не носете поклони Вие сте мојот најголем Роденденски поклон, дојдете во што поголем број Ви ветувам невероватен спектакл! „Ко не полуди, није нормалан”.