Македонското научно друштво – Битола, со промоцијата на книгата „Разбуди го родителот во себе“ на проф. д-р Соња Китановска – Кимовска. Кимовска која воедно е и член на Одделението за лингвистика и литература во друштвото, уште еднаш покажа дека умее да ги препознае, промовира и поддржи основните и најважни вредности врз кои треба да се темели едно здраво општество.
Имено, книгата „Разбуди го родителот во себе“ претставува своевиден практичен прирачник. Прирачник за тоа како во ова современо време полно со разновидни предизвици, сите идивидуи кои се оствариле како родители, но и сите идни родители, преку современи алатки, методи и техники произлезени од последните научни истражувања од областа на педагогијата и психологијата, вистински да уживаат во својата улога.
Во улога на промотори на книгата се јавија реномираните универзитетски професори. Проф. д-р Олга Мурџева Шкариќ и проф. д-р Сашо Кочанковски.
По промоцијата, авторката на книгата, проф. д-р Соња Китановска Кимовска, одржа и кратка работилници. Со помош на некои од нив, практично ја демонстрираше употребата на дел од алатите за успешно родителствување.
Промоцијата и работилницата се одржаа во Дом „Софија“ во Битола.