Апел до родителите: Писмениот состав на ова дете го расплачe интернетот

dete sostav дете состав

Писмениот состав на едно дете „За што копнеам и за што го молам Господ да ми даде“го расплачи интернетот!

Ова утро, „Разбуди се“, се разбуди со солзи во очите. Состав на дете, што се појави  на веб -страницата , zadovoljna.rs интерпретиран од Зорица Антонијевиц, целосно го окупира нашето внимание. „Дословно“ ви го препраќаме. Не за да ве расплаче, туку да ви ја пренесе пораката на ова дете од едно основно училиште во соседна Србија. Нас, длабоко не замисли! Родители, што правиме?

 „Неговата наставничка била фрапирана од едноставноста и длабочината на текстот . Таа побарала дозвола од мајката да го сподели составот на социјалните мрежи, се разбира, како анонимно.“ – вели Антонијевиц.

Господе, вечерва те молам за нешто што силно го сакам. Сакам да станам телевизор! Сакам да бидам на местото на телевизорот во мојата куќа, да имам свој простор,  да имам свое семејство околу себе и со внимание да ме слушаат кога зборувам. Да бидам во центарот на внимание сакам и да ме слушаат без прекинувања и прашања.

Би сакал за мене да се грижат како за телевизорот. Кога би бил телевизор, би можел да се дружам со татко ми кога доаѓа од работа , дури и кога е уморен. И би сакал и мама да сака да е со мене  кога е тажна и вознемирена, наместо да ме игнорира… Сакам моите браќа и сестри да се расправаат околу тоа кој ќе поминува саати со мене. Сакам да чувствувам дека моето семејство одвреме -навреме сѐ остава на страна , само да помине некое време со мене. И на крајот,  би сакал сите да ги направам среќни и радосни. Господе, јас не барам многу! Само сакам да бидам како телевизор.“