Најновите истражувања на Американскиот институт за детски ум, „Child Mind“ го даваат одговорот на ова суптилно прашање. Кое е вистинското време дететето да го добие својот прв мобилен телефон?
Најдобрата возраст на дететето за првиот мобилен, паметен телефон е 14тата годишна возраст. На оваа возраст детето е во состојба да размислува когнитивно (lat.cognosio – осознавање), емотивно и соодветно на тоа, критички ги обработува пораките што му пристигаат.
„Ако му дадете телефон на вашето дете под оваа возраст, тогаш му правите штета која ќе се одрази на неговото севкупно физичко и ментално здравје.“- стои во парафразата на психологот од нашето северно соседство, Ана Мирковиќ за РТС. Веројатноста дека се сложуваат и сите други психолози од било кој хабитат на лоцираност во светот е сто процентна.
Она што психолизите го сугерираат до родителите е нивната непосредна контрола „врз она што гледа нивното дете“. „Зборувањето е најдобар механизам“, советуваат психолозите.
Сѐ во свое време , ниту порано, ниту подоцна. На сето ова се надоврзува уште еден интернет портал кој од свој аспект вели: „Во новата ера, децата се изложени на технологија на помали возрасти од кога било досега. Постојат различни видови на зрачење генерирани од мобилни телефони…“ Во текстот на оваа страна, меѓу другото е и запишано:
Зрачењата од мобилните телефони и другите безжични уреди се многу штетни. Особено за децата и бебињата. Многу истражувања докажаа дека ваквите зрачења претставуваат поголем ризик за телесни оштетувања кај децата и новороденчињата. Стапката на апсорпција на микробрановите зрачења е поголема кај децата отколку кај возрасните, бидејќи нивните мозочни ткива се поапсорбирачки. Нивните черепи се потенки и нивната релативна големина е помала.