Дали го знаете податокот дека ѕвездите можат да дадат навестување за тоа колку енергија може да има нашето дете? Ако децата се немирнои, живи,темпераментни, бунтовни, хиперактивни тогаш се родени во едни од овие хороскопски знаци:
ОВЕНОТ е првиот огнен знак во календарот на хороскопот. Константно е во движење и желен за нови авантури и предизвици. Овенот-дете, е малиот моќник, кој го анимира целото семејство и пошироко. Овенот бара аплауз и од мали нозе знае дека го заслужува тоа како никој друг. – пишува Index.
БЛИЗНАЦИТЕ пак, се ислучително љубопитни и комуникативни. Според „ѕвездите“ и близанците се хиперактивни. Тие го истражуваат светот преку различни активности. Нивната неисцрпна енергија ќе ве натера да учите од детето родено во знакот Близнаци од причина што нивните секојдневни прашања изискуваат квалитетен одговор и вие мора да истражувате и да пребарувате низ интернетот, без оглед на вашата едукативна подготвеност. И колку да знаете, потребно ви е уште поголемо знаење за да ги задоволите одговорите на децата родени во знакот на Близнаци.
СТРЕЛЕЦОТ е исклучително забавен и учи преку игра со своите другарчиња. Ентузијазмот на детето – СТРЕЛЕЦ е заразен. Неговите забелешки по однос на некоја негова игра, предизвикуваат смеа и позитивно расположение кај сите оние околу него.