„РАКОТВОРСТВОТО НИЗ РАЦЕТЕ НА МЛАДИТЕ УМЕТНИЦИ“– ЕДУКАТИВНО ВИДЕО

„РАКОТВОРСТВОТО НИЗ РАЦЕТЕ НА МЛАДИТЕ УМЕТНИЦИ“ – РЕАЛИЗИРАНИ РАБОТИЛНИЦИ ЗА МЛАДИ И ИЗГОТВЕНО ЕДУКАТИВНО ВИДЕО

До нашиот сајт стигна интересен текст кој според нас вреди да се пофали. Зборува за уметност, за традицијата и сите оние креатвини начини на изработки кои полека за жал ги забораваме. Писмото се наиде на нашите страни, а како редација ја поздравуваме идејата:

„Колку младите знаат за за ракотворството ? Дали може со брзиот напредок на современата технологија, ракотворството како стар и значаен занает, целосно да исчезне…? Или пак може да се направи совршен спој на традиционалното и модерното?

Користејќи го знаењето на нашите долгогодишни ракотворки, сеуште може да се направи многу за македонските традиционални вештини на ракотворството… Да продолжат да се развиваат помеѓу младите луѓе во едно време на стремеж кон дигитално општество. Дополнителна потврда на ова се 15 млади луѓе од Битола и Кривогаштани. Тие низ четири работилници, реализирани во Кривогаштани и Логоварди, учеа за плетењето, везењете… Изработката на ќостеци, но создаваа и свои ракотворби за нивна промоција во Старата битолска чаршија… На Широк Сокак, пред Офицерскиот дом. Работилниците беа спроведени под менторство на долгогодишната ракотворка од Битола, Снежана Цуцулеска, со техничко – оперативна поддршка од младиот учесник во проектот Стефан Трајковски.

Снежана Цуцулеска, низ едукативно практичен начин, го разбуди интересот кај младите. Ги поттикна на овој начин, да ја продолжат традицијата…

…Но, и да размислуваат за ракотворството од културен, традиционален, економски, дури и психолошки аспект.

„Македонското културно историско наследство со векови е инспирација за богато творештво. Убавината доаѓа посебно тогаш. Кога традицијата е мотив за младите генерации… Зошто тие се оние кои можат да направат спој на модерното и традиционалното… Да го зачуваат и пренесат нематеријалното културно наследство. Група млади ентузијасти од Пелагонискиот регион токму на овој начин го даваат својот влог за зачувување на културните вредности. За промоција на квалитетните рачни изработки.

Оваа приказна започнува токму од едно место со вредно природно наследство. Започнува во непосредна близина на шестипол вековниот блатен даб. Токму во срцето на Кривогаштани. Општина која се наоѓа во плодната пелагониска рамница, во Прилепското Поле, а оттаму продолжува низ битолските отворени сцени: Широк Сокак, Старата чаршија… Офицерскиот дом и на многу други места низ цела Пелагонија. Знаењата стекнати во старата и добро сочувана куќа на Цуцулески, ќе поттикнат 15 тина млади луѓе од Битола и Кривогаштани да продолжат да го развиваат ракотворството.

Помеѓу стариот креденец, железниот кревет и бројните зачувани предмети од минатото, младите вредни раце, започнаа да плетат облека, да везат разни везови, но и да нижат ќостеци“, се вели во едукативното видео изработено во рамките на проектот „Ракотворството низ рацете на младите уметници“, спроведен од Здружението „Профицио“ од Скопје, со поддршка од Министерството за култура.

„Ракотворството низ рацете на младите уметници – интердисциплинaрeн пристап за заштита и промоција на нематеријалното културно наследство“, претставува младинска ангажираност во заедницата и насочување кон продуктивност и остварување на долгорочни резултати, кои значат одржливост во функција на промоција на традицијата, зачувување на културните специфики, па дури и поставување на здрава основа за заживување на некогашните занаети и економски бенефит.

Потребата од реализација на овие активности се појави поради: изумирање на традиционалните занаети, намалување, па дури исчезнување на здруженијата кои го негуваат ракотворството или нивно сведување на членови над 50 години, што исто така претставува закана за понатамошна промоција и ширење на оваа дејност.

„Нашата ангажираност покажа дека знаеме и можеме повеќе. Мотивирани од возрасните кои добро ја знаат својата работа, успеавме да создадеме наши креации и да ги промовираме низ заеднички изложби во Кривогаштани, Логоварди и во срцето на конзулска Битола, на Широк Сокак.

Негувајќи ги традиционалните вредности, создадовме силна инспирација за младите. Овој дел на нашата приказна завршува тука… Но, започнува едeн нов дел на реалноста, во која новите генерации, стануваат промотори на културата и традицијата“, велат младите луѓе кои беа дел од работилниците реализирани во рамките на проектот.“

Целото видео од проектот можете да го погледнете на следниот линк: