Романтика, ексклузива, магија и драма! – Рачната изработка на Марија Ѓеровска

И дури пред некој ден скролав на интернет барајќи нешто доволно ексклузивно и интригантно за публиката, како да нешто ми заблеска. И ете ти, повторно креативна приказна. Романтика, ексклузива, магија и драма! – Како да токму ова се зборовите кои ја опишуваат рачната изработка на Марија Ѓеровска. Естетиката е оној дел кој секако се надоврзува во мозаикот на оваа приказна, уметност што неуморно ја создава оваа битолчанка веќе пет години.

Секое парче има своја приказна поинаква и поразлична од било што. Марија навистина создава автентични и персонализирани ракотворби, рачна изработка како одраз на емотивниот идентитет и мост помеѓу личниот потпис и потписот на уметникот. Се заинтересиравме околу нејзината креативна работа околу целиот процес и љубопитно се распрашавме за деталите кои се кријат зад сцената.

Марија: На почеток запoчнав со изработка на накит и аксесоари за коса. Отсекогаш ме интересирале рачни изработки. После три години сакав да пробам и со епоксидна смола и така започнав со изработка на bookmarkeri (бележници за книги).

Марија: Отсекогаш тлеела желбата за изработка на нешто уникатно и необично. Секогаш сум се воодушевувала на уметниците. Па најверојатно тогаш и се најде време за да започнам со сето тоа еве веќе пет години.

Марија: Времето зависи од тоа што бара клиентот. За некои изработки ми се потребни 24 часа , но за некои и 1 недела. Оваа работа бара трпение и секако креативност и љубов. За изработка на моите креации потребни се силиконски калапи, епоксидна смола, бои и бујна фантазија за се што може да се додаде во неа.

Марија: Неможам да одредам само eдна работа бидејќи нудам разни изработки. Започнувајќи од бележници, привезоци па се до ламби, подметачи и украсни вазни. Изборот е голем и мислам дека се наоѓа за сите по нешто. Секој клиент си има свое барање. Ги почитувам и се држам до ивните барања и оставам на нив да си изберат боја, големина и детали. Се трудам максимално да ја исполнам желбата на клиентот, тоа го знаат тие што купиле од кај мене.

Марија: Започнав како самоук со гледање видеа на уou tube, но со тек на време имав многу прашања каде што немав кој да ми одговори… Така се пријавив на курс за полимерна глина и епоксидна смола. И секако научив се што ми беше потребно.

Марија: Па, искрено мислам дека некои луѓе навистина знаат да ја ценат рачната изработка. Да дојде до готов производ потрошено е време и пари, а вложено многу креативност, трпение и љубов. Мислам дека треба повеќе да се поддржат креативците и малите бизниси не само во Битола туку и низ цела Македонија.