Креативна модна фузија и уште еден разговор со тим на ,,Креативен ден”

Спектакуларноста на модното парче не е во мигот кога истото само ќе го носиме над модна писта како финиш.

Приказната започнува многу од поодамна. Се измислува, инспирира, креира. Во модата нема правила. Па ако јасно ја окарактеризираме како уметност, таа е слободна енергија, феникс кој не паѓа на ,,првиот ни на последниот испит”. Знае само да создава и одново да измислува. А има ли нешто поубаво од тоа, да се создава? Од тоа, да се креираш? Токму затоа е,,Креативен ден”. Околу ова си поразговаравме со Александар Ортаковски – моден дизајнер. Со дамата што ќе ја носи креацијата – Јасмина Ортаковска и ученичката Маја Автаровска. Имено станува збор за еден од тимовите кој се потпишува како дел од мозаикот на оваа модна визија. На настанот кој истовремено е и линк помеѓу обрзаованието и бизнис секторот. „Креативен ден“, ќе се одржи на 1ви Јуни (Сабота) во 20:00 часот во просториите на КИЦ Офицерски Дом Битола.

За потсетување Креативен ден е идеја на ПРОФЕСОРКИТЕ АНИТА СТЕФАНОВСКА, ЕМА ЌУКА И ЖИВКА ТАНУШЕВА ИЦАНОСКА ОД ТЕКСТИЛНАТА СТРУКА ВО СОУ „ТАКИ ДАСКАЛО” БИТОЛА И ВЕСНА БОЖИЛОВИЌ ОД ПРОДУКЦИЈАТА „БОЖИЛОВИЌ”. Нивната автентична идеја поттикнува враќање на довербата и имиџот на стручните училишта. Настанот, поврзан со модата е линк помеѓу образованието и бизнис секторот. ,,Perwoll Renew”, со задоволство се приклучи на идејата. Веднаш потоа и други брендови го поддржаа овој уникатен проект. Модни дизајнери заедно со учениците, младите, креираат. А потоа познати и успешни дами имаат уникатно задоволство да ги носат нивните модели. 

Овој пат, тимот лично навистина ме воодушеви. Интензивно моќни емоции, расплетена фузија од креативни идеи и импулс кој знае што сака. Оваа екипа стварно ни направи т.н. ,,креативно амбициозен ролерокстер од емоции” како момент на самоосвестување што дури го пиевме кафето во Бела куќа, потсети дека уметноста и поривот кон истата сеуште дишат во овој град. Муабетот ме врати во младоста, во тие денови кога немаше апсолутно никаква дистанца и бариера помеѓу соништата и фактот дека секогаш се остваруваат доколку го негуваш тој сензабилитет или несомнено кретивен порив. И откако Александар го разбуди еуфорично муабетот со едно: „Сакам“; „Oтсекогаш сум сакал…“; и… „Знаев дека ова ќе гo работам“, го запрашавме:

РАЗБУДИ СЕ: „Чипка – најубава имитација на фантазијата на природата. А бисерите се секогаш добредојдени. – Коко Шанел“ Шанел имала модна визија и веројатно класични правила кон кои стремела… Што се случува во модното дизајнирање? Требаат ли тие правила или доколку постојат, би се изгубила ли креативноста? Би се надоврзале на Коко и затоа ве прашуваме како професиоаналец, дали постои план и шема за креирање на финален моден „производ“?