Многу уба туршијата, уште од чешмата ракија да течи!

Како дојде времето, на некој животот да му е два плус два е четири, а на некој корен од шесто дваесет и три плус сметки на квадрат, даноци неплатени, ревизори и муабет од типот: Ало водовод! Ве молам да ми поможите. Од чешмата вода ми течи. / А шо треба да течи?/ Па за тие пари, виски треба да истура. Или барем ракија!

ракија

Троши бе бате. Чудесна била природата. Без чоканче ракија, тешко дека е чудесна во убава смисла. И после ќе излезат оние амерички глупости и постови на нет, демек прекини да драматизираш, животот, надежта… Сѐ е тоа избор. Избор на лагата или поточно кој појќе ќе не излажи! И кандиса. (За пубо во секој случај не.)

Имаме избор. Меѓу две зла. Само не мојш да знајш кое е полошо, а не поарно.

Во еден ваков чудесен циркуз, најубо шо можи да ти се деси е да немаш време за да одиш на циркузот. Така чудесно да испариш и…

Или дај да не се зафркаваме. Убо би било на Трамп нешто да му падниш. Брачед од второ колено. Та да си одиш таму на западот од таму да викаш:,,Ураа!Ураа!” Или… баш и сеедно ќе ти биди, па ќе пукаш од секирација испраен во некој ресторан од милион долари бејби!

Али сепак, како дојде времето, на некој животот да му е два плус два е четири, а на некој корен од шесто дваесет и три плус сметки на квадрат, даноци неплатени, ревизори и муабет од типот: ,,Ало водовод?! Добро, не мора па до толку виски да течи од чешмата. Ќе се задоволиме и со ракија. Многу уба туршијата не за друго. Ќе лизга сине!”