Раде Шербеџија со „Западни Колодвор“ доаѓа на концерт во Битола

Денеска се одржа прес-конференција по повод претстојниот концерт на Раде Шербеџија во Битола. Настан кој најавува вечер исполнета со музика, поезија и сценски настап кој нема да се заборави.

Пресот го водеше актерот Петар Мирчевски, долгогодишен пријател и актерски соработник на Шербеџија. Мирчевски, зборуваше за нивната заедничка работа, но и за пријателката блискост што ја надминува професионалната рамка. Неговото обраќање ја истакна уметничката длабочина и човечката харизма на Шербеџија, како и значењето на неговото гостување за битолската културна сцена.

Раде Шербеџија во Битола доаѓа со својот бенд Западни Колодвор. Со него, веќе години создава препознатлив сценски израз кој е спој на музика, поетски текстови и актерска интерпретација. Концертот ќе понуди богат репертоар од песни и поезија, внимателно селектирани за концертна форма што нуди повеќе од класичен музички настап.

Како што најави Владимир Мандичевски-Манде од Баги комуникации, кои стојат зад организацијата и го носат концертот во Битола, публиката ќе има можност прв пат да ја слушне и новата песна на Шербеџија, премиерно изведена токму на овој концерт.

Настанот е најавен и како целосно сценско доживување. Музиката, зборот и присуството на изведувачите, се спојуваат во интимна, но моќна концертна атмосфера.

Со ова гостување, Битола добива уште една значајна културна вечер. Вечер во која уметноста се доживува како жив дијалог меѓу сцената и публиката.

„За нас, овој концерт претставува исклучително важен културен настан. Станува збор за сценско доживување со висока уметничка вредност, кое достоинствено ќе биде реализирано на големата сцена на Центар за култура Битола“, изјави Сашо Илковски, директор на Центарот за култура.

Картите се веќе пуштени во продажба и може да се набават онлајн на ЛИНКОТ.

фотограф | Диоген Хаџи Коста Милевски

[post_tags]