По повод големиот христијански празник Божиќ, Општина Битола во соработка со Центарот за култура и Културниот и информативен центар организира свечен концерт на народни и црковни божиќни напеви под наслов „Свет, Свет, Свет“.

Концертот по повод големиот христијански празник ќе се одржи на 8 јануари, со почеток во 19:00 часот, во големата сала на Центарот за култура – Битола, а ќе биде посветен на прославата на раѓањето Христово.
Пред битолската публика ќе настапат врвни музичари и вокални изведувачи. Инструменталниот состав го сочинуваат: Благојче Трајковски (кларинет), Никола Трајановски (виолина), Филип Михјлоски (канон), Гоце Ристески (лаута), Петар Христов (уд), Коста Стевановски (контрабас) и Пеце Трајковски (перкусии).
Вокалните изведби ќе бидат во интерпретација на Горан Трајкоски, Ана Митоска, Тања Царовска и Петар Христов.
Организаторите упатуваат покана до сите љубители на духовната и традиционалната музика да присуствуваат на овој свечен концерт, кој ветува автентично и возвишено музичко доживување во духот на Божиќните празници.
Влезот е слободен.
