Незаборавна љубовна приказана – „Кеси и Лук живеат во лажен брак“! „Пурпурни срца“ од Тес Вејкфилд е предлог книга за нашите будни читатели од книжарата на Books House.
Тес Вејкфилд со неверојатна игра на зборови и афтентичност, ја раскаува приказната за љубовта, лагата, борбата… Ова е кратката содржина или наговестување за тоа што се случува во „Пурпурни срца“, извонредна книга што мора да ја имате во вашата домашна библиотека. Еден војник со бурно минато и една надежна композиторка, донесуваат одлука да го кажат судбоносното „ДА“ пред матичарот без нималку големи очекувања од бракот. Се случува трагедија и „реалното и лажното“ се испреплетуваат.
Оштроумната Кеси Салазар, навечер работи во бар во Остин , Тексас за да поврзе „крај со крај“. Лук наоѓа утеха во суровата дисциплина во редовите на војската. Една случајна средба во барот на Кеси, го менува вообичаениот тек на нивните животи. На Кеси и дијагностицираат дијабет и не е во можност да ги отплати медицинските трошоци. Во една прилика, наидува на својот стар пријател Френки кој е пријавен во војска. Нејзината понуда до него е да прифати да се ожени со неа во замена за подобро здравствено осигурување така што ќе можат да ги поделат парите кои доаѓаат како бенефит од „имањето семејство“. Овој непристоен предлог е одбиен од Френки , а прифатен од Лук. Она што Кеси не го знае, е очајничката причина на Лук поради која сака да стапи во брак.
Дали некаде „помеѓу двете раскрсници“ , бракот ќе добие вистински изглед и содржина, останува да дознаеме.
Пурпурни срца – Книга која задолжително треба да се најде на вашите полици доолку сте љубител на ваквиот жанр.