Огнената стихија што ја зафати цела Македонија, никако не застанува. Имено „Razbudise.mk“ наиде на иформација за пожарот на Галичица и денешните случувања. Ете што моментално се случува:
„Активен пожар има во Општина Чашка, кај местото викано Котева Круша, атар на селото Оморани префрлен на планина Мукос, каде гори мешана шума и во Општина Македонски Брод, во селото Грешница, кај резервоарите со селски водовод, каде исто така гори мешана шума. “ – пренесува 360stepeni.mk
Центарот за управување со кризи (ЦУК), изјави и утрво пренеси информација дека oд вкупно 20 пожари на отворено, активни се два, 15 пожари се изгаснати, а под контрола се ставени три.
Изгледа дека пожарите не застануваат. Но, со оглед на намалените температури и доаѓањето на есента, се надеваме на дождови кои ќе го прекинат овој пекол кој ни го приреди ова лето 2024.
Повеќе околу веста и пожарот, прочитајте ТУКА.