Во Битола со голема помпа беа одбележани188 години од формирањето на првата противпожарна единица на Балканот. Истата е основана на 20 мај 1836 година. Општина Битола и Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) го прославија овој значаен јубилеј со полагање свежо цвеќе пред спомен плочата. Присусутен беше и градоначалникот Тони Коњановски, градоначалникот на општина Могила, Драганчо Саботковски и претставници од Советот на општина Битола.
Градоначалникот Коњановски го истакна почетокот на проектот за нов противпожарен дом. Дом вреден над 52 милиони денари кој ќе обезбеди современи услови за овие херои. Новата зграда со површина од 1 600 квадратни метри ќе биде лоцирана во поранешната касарна. Истата ќе обезбедува доволно простор и модерни услови за работа.
Исто така, на оваа прослава,беа доделени златни плакети на пензионирани пожарникари и командири, како признание за нивниот долгогодишен придонес и професионалност. Оваа година, на предлог на вработените во ТППЕ Битола, таква плакета му се додели на Владо Наумовски, пензиониран командир.Помошник командирот Горан Димковски изрази оптимизам за новите можности што ќе ги донесе новиот објект, нагласувајќи го значењето на модерната опрема и возила кои ТППЕ ги има на располагање.
Со оваа прослава, Битола ја потврдува својата посветеност. Посветеност кон безбедноста и благосостојбата на своите граѓани, славејќи го наследството и иднината на својата противпожарна единица.
Извор на текст и фотографии во текст