Живееме ли во нормален свет? А што е нормално? Кој ги пишува нормите, правилата, законите?
Она што е нормално за пајакот, за мувата е хаос!
Секоj од нас има свој универзум, круг во кој тој е центарот. Можете да бидете мува, а можете да бидете и пајак. Што е нормално? Вие одлучувате. Вие ја „дресирате“ вашата реалност. Тоа е дрес код на умот. Костим кој мора да го облечете. Вие одлучувате што ќе направите со вашите дланки, што ќе создадете со вашите раце. Каква боја ќе биде вашето одело.
Вашиот ум креира. Секогаш и одново создава мисли, но вие одлучувате кога и каде тие мисли ќе паднат. Не дозволувајте да се повредите, а тоа може да го направите само доколку влезете во друга реалност, во друг свет и друг центар и приватност, која не ги следи вашите правила, вашето нормално. Почитувајте ги другите, но запомнете дека и најдобрата имитација не е подобра од оригиналот.
Од друга страна, можеби вие сте негативец во нечија приказна
Ако вие сте негативец во нечија приказна, а себеси се сметате за нормален, тогаш што е нормално? Кои се туѓите, а кои се вашите очекувања? Создадете свои правила, а кога еднаш ќе верувате во себе и вашата цел, понатаму е лесно. Лесно да одлучите дали сте мувата или пајакот, па токму од таа гледна точка да му погледнете во очи на вашата реалност.
Секој има свој универзум и никој не е виновен што е пајак и што ја зграпчил мувата во својата мрежа. Од друга страна ни таа не е виновна што се заплеткала во таа мрежа, но што ако е поинаку? Понудете им на очите свет кои тие можат и сакаат да го гледаат, затоа што во спротивно нормалното навистина ќе биде илузија.